Психолог ги открива четирите најголеми лаги коишто ја уништуваат љубовната врска

Точка

27/09/2024

15:31

1.030

Големина на фонт

а а а

Лагите најчесто се сметаат за предавство во љубовните врски, но најдеструктивните лаги не се секогаш оние очигледните, вели психологот Џефри Бернстеин.

„Тие суптилни, подли измами можат полека го нарушат темелот на довербата, оставајќи ги дури и најбитните односи во урнатини“, изјави Бернстеин за „Psychology Today“.

Според психологот ова се четирите најголеми лаги коишто ги уништуваат љубовните односи и можат да доведат до скршени срца.


„Сè е во ред“

„Оваа лага честопати се користи за да се одбегнат караници, но таа всушност создава оддалеченост помеѓу партнерите. Негирањето на вистинските чувства го оневозможува партнерот да ве разбере и поддржи, а на крајот доведува до емоционално одвојување и потенцијална катастрофа“, предупредува психологот.

„Не е толку голема работа“


Минимизирањето на сопствените чувства или постапки, кај партнерот предизвикува незадоволство и насобрани проблеми. Берстеин потенцира: „Кога се премолчуваат ситниците коишто всушност ве измачуваат, тие можат да се развијат во поголеми проблеми кои ќе станат невозможни за решавање“.

„Јас можам да го/ја сменам“

„Верувањето дека можете да го смените партнерот може да доведе до разочарување. Луѓето можат да се сменат, но промените мораат да дојдат одвнатре, а не поради туѓите очекувања. Оваа лага честопати резултира со фрустрација откритие дека сте вљубени во идеализирана верзија на вашиот партнер, а не во неговата вистинска личност“, вели психологот.

„Не треба да разговараме за тоа“


Одбегнувањето на тешки разговори под изговор дека „не треба да разговараме за тоа“ е деструктивно.

„Комуникацијата е клучна за секој успешен однос, а одбегнувањето на проблемите доведува до поголеми недоразбирања и емоционална оддалеченост. Значи овие четири лаги можат полека да ја уништат љубовта и довербата во врската. Посветеноста кон искрена комуникација е клучно за зачувување на врската. Само така можете да изградите љубов којашто ќе биде отпорна и вистинска“, додава Бернстеин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг