Секој родител мора да знае - децата со недостиг на внимание, концентрација, хиперактивност и импулсивност, имаат потреба од соодветен внес на суплементи

Точка

27/09/2024

14:15

1.452

Големина на фонт

а а а

Следењето и разбирањето на потребите и однесувањето на децата е една од најважните одговорности на родителите. Кога родителите поминуваат време набљудувајќи го нивното дете, тие добиваат подлабоко разбирање за неговите навики, интереси и емоционални потреби. Ова знаење им помага да создадат средина, која ќе го поддржува неговиот правилен раст и развој.

Понекогаш, одредени предизвици во концентрацијата и однесувањето може да бидат сигнал дека на детето му се потребни одредени суплементи, кои ќе му помогнат за подобрување на неговото внимание.


Уникатната формула на Esprico® благодарение на неговата содржина, драстично ја подобрува концентрацијата кај децата и ја намалува нивната хиперактивност, што придонесува за поголем успех во нивниот социјален живот, им помага во учењето и го подобрува нивното емоционално здравје.

Кој е составот на Esprico®?

Морско рибино масло (21.5%) – содржи висока концентрација на омега-3 масни киселини, кои се важни за здравјето на мозокот и телото.

Омега-3 EPA – 400mg: помага во правилното функционирање на мозокот и срцето. Потребна за многу функции и размена на супстанции, игра важна улога во преносот на информации од клетка до клетка.

Омега-3 DHA – 40mg: игра клучна улога во развојот на мозокот и ги поддржува когнитивните функции. Составен дел на мембраните на нервните клетки и игра важна улога во размена на супстанции. Од големо значење за структурниот развој на мозокот.


Магнезиум (80mg) – помага во преносот на нервни сигнали и релаксација на мускулите. Со доволно магнезиум, може да се подобри концентрацијата, издржливоста и способноста за учење, бидејќи придонесува за нормална ментална функција (когнитивни и афективни региони).

Цинк (5mg) – претставува неопходен елемент, кој учествува во многу процеси во телото, вклучувајќи ги и функциите на мозокот, како и преносот на сигнали меѓу нервните клетки. Претставува важен ко-фактор во метаболизмот на масните киселини. Придонесува за нормални когнитивни функции (концентрација, учење, потсетување, размислување и отпорност на стрес).


Како се зема Esprico®?

Се земаат по две капсули одеднаш, наутро и навечер, секој ден за време или по оброк. Капсулите може да се џвакаат или да се проголтаат со некаква течност. Дополнително, содржината на капсулите може да се истисне директно во лажица, или да се измеша со храна.

Esprico® содржи важни хранливи супстанции за оптимални дневни потреби на деца постари од 5 години.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг