[ФОТО] На Модната недела во Париз претставена моментално најскапата чанта на светот - еве колку чини

Точка

27/09/2024

11:08

1.188

Големина на фонт

а а а

На ревијата на брендот „Rabanne“ за време на Модната недела во Париз беше претставена „најскапата чанта на светот“, направена од над 100 златни медаљони од 18 карати.

Уникатната рачно изработена „Nano“ чанта од 1969 година вреди 250.000 евра или речиси 280.000 долари, а за нејзината изработка биле потребни 100 часа.

За време на ревијата, француската модна куќа основана во 1966 година ѝ оддаде почит на починатата стилска икона и пејачка Франсоаз Арди покажувајќи ја нејзината скапоцена „Nano“ чанта од 18-каратно злато како дел од овосезонската конфекциска колекција.

Во 1969 година, Пако Рабан создаде сопствена „Nano“ чанта за славната француска пејачка која почина во јуни. Тие поминале 100 часа работејќи на чантата заедно со Артус Бертранд, француски златар.

Со цена од 280.000 долари или 250.000 евра, чантата во форма на квадрат е прогласена за најскапа на светот, со цена повисока од која било чанта моментално на пазарот, дури и од „Hermes Birkin“.

„Birkin“ чантите обично чинат помеѓу 17.000 и 200.000 долари, во зависност од големината и годината на производство. Според „Sotheby's“, најскапата чанта што некогаш била продадена била „Diamond Himalaya Birkin 30“, која чинела 450.000 долари.

Вообичаено, користените, винтиџ дијамантски „Birkin“ чанти чинат помеѓу 100.000 и 200.000 долари. Сепак, според „Women's Wear Daily“, чантата претставена на ревијата на „Rabanne“ моментално е најскапата во светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг