Пијте го секојдневно: Домашен сок кој може да го намали крвниот притисок и ризикот од мозочен удар

Точка

27/09/2024

18:10

11.731

Големина на фонт

а а а

Студијата објавена во 2019 година во списанието „Фуд саенс енд нутришн“ (Food Science and Nutrition) открила дека сокот од домати може значително да го намали крвниот притисок.

Истражувачите од Токио следеле 481 учесник кои секојдневно го пиеле овој сок, а резултатите покажале дека има значително подобрување кај оние со висок крвен притисок.

Учесниците во студијата пиеле помеѓу 85 и 215 мл сок од домати секој ден, а повеќето консумирале околу 200 мл. Пред и по студијата, беа измерени маркери за кардиоваскуларен ризик, вклучувајќи го крвниот притисок, нивоата на липидите во крвта и толеранцијата на гликозата. Резултатите покажале дека крвниот притисок кај 94 учесници со нелекувана хипертензија бил значително намален, додека нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол паднало кај 125 учесници.


Инаку, доматот содржи витамин Ц, шолја чист сок од домати задоволува дури 74 отсто од дневните потреби за овој важен антиоксидант и витамин К, како и минералот калиум.

Меѓутоа, неговата најпозната состојка е ликопен, антиоксидант и каротеноид кој на доматот му ја дава карактеристичната црвена боја. Ликопенот е одличен сојузник во борбата против воспаленија и тумори, бидејќи ги спречува оштетувањата предизвикани од слободните радикали.

Истражувањата покажале дека овој антиоксидант е двојно помоќен од, на пример, бета-каротенот од морковот. Сокот од домати е уште поздрав од самото овошје токму затоа што со мешањето се кршат клеточните ѕидови, па се ослободува уште повеќе ликопен.

Помага при хипертензија и го одржува срцето здраво


Ако страдате од висок крвен притисок, дефинитивно треба да консумирате свеж сок од домати секој ден. Имено, делува така што го намалува крвниот притисок.

Повеќе од 500 луѓе на возраст меѓу 20 и 74 години учествувале во јапонско истражување кое траело една година.

Кај 20 отсто од оние кои секој ден пиеле чаша сок од домати забележително опаднал крвниот притисок.

Освен тоа, доматите се богати со витамин Б6, кој го намалува нивото на хомоцистеин, аминокиселина која ги оштетува крвните садови и срцето. Значително го намалува ризикот од мозочен удар крвните садови и срцето.

Значително го намалува ризикот од мозочен удар


Едно финско истражување кое проучувало повеќе од 1.000 мажи на возраст меѓу 46 и 65 години во текот на 12 години, покажало дека испитаниците кои имале повисоки нивоа на ликопен имале 55 отсто помал ризик од мозочен удар.

Ликопенот е моќен антиоксидант кој го спречува создавањето на згрутчување на крвта, што значи дека со неговото консумирање помагате за зачувување на крвните садови.

Покрај намалениот ризик од мозочен удар кај мажите со зголемени нивоа на ликопен, ризикот од срцев удар е исто така значително помал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг