[ВИДЕО] „Кога сама ќе си направи дете од епрувета, како да купила кученце“: Изјавата на црногорската инфлуенсерка го разбесни регионот

Точка

27/09/2024

13:45

1.519

Големина на фонт

а а а

Црногорката Наташа Ковачевиќ, на социјалните мрежи позната како „Njezvanova“, го изнесе своето мислење за жените кои сакаат сами да одгледуваат дете, а со своето излагање шокираше многумина.

Наташа е водителка на емисијата „Dama sa hercom“ која се емитува на „Blic TV“ каде зборувала на тема „Дали е во ред жената самоиницијативно да донесе одлука сама да роди и одгледува дете?“.

„Мојата најголема желба во животот беше да бидам мајка и за мене семејството, култот на семејството, култот на бракот е свето. Јас во сите свои јавни обраќања имам многу јасни ставови. Сметам дека е себично да одлучите да ја исполните својата желба по секоја цена, затоа што мислам дека јас немам право да му го ускратам на детето што ќе го родам она што е семејството како институција, таа подразбира два родитела. Дали би осудила жена која би го направила тоа? Не. Дали би го дисквалификувала нејзиното дете како помалку вредно од моето? Не. Дали би го направила тоа? Не!“, објаснила таа.


Во понатамошниот разговор другата соговорничка навела:

„Најголемиот број жени имаат намера да имаат комплетно семејство“, на што таа додала: „Како кога сама ќе си направи дете од епрувета, како кученце да купила“, истакнала познатата Црногорка.

Нејзините изјави денеска се коментираат по социјалните мрежи, а луѓето се во неверување од она што го кажала.

Некои од следбениците на Наташа мислат и се надеваат дека таа само се шегувала и дека тоа навистина не го мислела, додека други не се двоумат грубо да ѝ одговорат.


„Мајка ми ме роди пред 40 години, бидејќи другата страна не сакаше да ме признае како своја, без неа немаше да постојам и засекогаш сум ѝ благодарна за тоа. Ако таа така одлучила, на тоа дете никогаш ништо нема да му недостига, дури ни на тој татко, особено што многумина се ужасни кон семејството“, е еден од коментарите.

„Кога еден родител одгледува дете, тоа е голема пожртвуваност, а не себичност“, „Јас и детето сме семејство, не е воопшто важно кaко е зачнато, ниту пак треба да биде тема на расправа. Никој не смее да го ускрати правото на мајчинство“, „Толку жени и во брак, па сами ги одгледуваат децата, а сега се полемизира дали може без партнер. Жената може сè, таа е 100 пати посилна кога е сама, тогаш се потпира исклучиво на себе и не очекува помош и поддршка од никого“, гласат дел од коментарите под видеото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг