[ФОТО] Се омажи Лана Дел Реј

Точка

27/09/2024

14:33

1.293

Големина на фонт

а а а

Само месец дена откако се откри дека е во врска со педесет и шестгодишниот Џереми Дуфрен, пејачката се омажи за него. Како што пишува „Daily Mail“ парот направи брачна церемонија во заливот во Луизијана, истиот залив каде што Дуфрен ги организира своите популарни тури со брод на мочуриштата.


На фотографиите коишто ги објави „Daily Mail“ се гледа пејачката којашто оди кон олтарот со букет во рацете. Таа беше облечена во широка венчаница, а косата и беше врзана во опавче украсено со панделка, додека Дуфрен носеше црно одело.

Пред неколку денови ја добиле дозволата за венчавка

Венчавката и приемот биле одржани на јавното пристаниште, со многу маси поставени под белиот шатор, а сестрата на Лана, Каролин Грант и братот, Чарли Хил – Грент беа присутни на церемонијата.


Ова е првиот брак на Лана, а втор за Џереми. Венчавката се одржа само неколку часа откако „TMZ“ објави дека Лана и нејзиниот нов сопруг ја добиле дозволата за венчавка, во понеделник – 23 септември. Парот неодамна беше забележан во јавноста, и тоа на венчавката на манекенката Карен Елсон и Ли Фостер.

Кој е Џереми Дуфрен?


Сопругот на Лана е татко на две деца, којшто работи како капетан и водич во „Airboat Tours by Arthur“. Тоа е агенција која им овозможува на туристите да се возат со чамци по мочуриштата во Луизијана, а коишто се преполни со алигатори, јастреби и птиците – чапји коишто живеат во тој предел. Според пишувањата на медиумите, Џереми е исто така голем љубител на алигатори.


Инаку Лана и Џереми се запознале во 2019 година, кога таа била во туристичка посета на мочуриштата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг