Вештачката интелигенција, "ChatGPT" и „смртта на Интернетот“

Точка

19/09/2024

15:41

5.319

Големина на фонт

а а а

Теоријата на заговор „смртта на интернетот“ шпекулира дека повеќето интеракции на интернет денес се вештачки и дизајнирани да манипулираат со корисниците. Со доаѓањето на ботови како "ChatGPT", овие теории станаа уште попопуларни.

Неодамна се појави апликација која илустрира како изгледа оваа теорија во пракса – "SocialAI" им овозможува на корисниците (засега само корисниците на iPhone) да комуницираат само со "AI" ботови, бидејќи е замислена како социјална мрежа во која се активни само тие. Со други зборови – чет-ботови со вештачка интелигенција ги заменија луѓето, а од нив доаѓаат многу коментари на објавите. Многумина побрзаа да истакнат дека оваа идеја е чист пекол.

Креаторот на апликацијата, Мајкл Сејман, вели дека го создал "SocialAI" за да им даде шанса на корисниците да бидат слушнати и поддржани, иако не е сигурно дека некој ќе се чувствува поддржан ако знае дека поддршката доаѓа од ботови со вештачка интелигенција. Факт е дека многумина денес живеат во изолација, но лек за тоа може да биде само вистинска интеракција со суштества кои имаат способност вистински да слушнат некого. Можеби луѓето не се подобри од ботови во ова – ретко кој има капацитет да се занимава со други, но малку е веројатно дека алатката за вештачка интелигенција може да направи некој да се чувствува помалку изолиран.

Можно е како што напредуваат системите за вештачка интелигенција, луѓето да заборават дека не се вистински луѓе, но таквите алатки ќе треба да понудат повеќе од просечниот пишан коментар. Корисниците на "SocialAI" можат да изберат каков тип на следбеници на вештачка интелигенција сакаат – има „поддржувачи“, „бубалици“, „скептици“ и други кои реагираат на објавите со кратки коментари. Тоа значи дека корисникот има целосна контрола, а за вистинска поврзаност потребно е човекот да се ослободи, да престане да контролира и да верува дека некоја интеракција оди во позитивна насока.



Спонзорирани линкови

Маркетинг