Митови за мажите во спалната соба: Пет популарни предрасуди кои се далеку од вистината

Точка

14/09/2024

14:40

4.441

Големина на фонт

а а а

Веројатно често сте ги слушнале фразите „мажите имаат само една работа на ум“ или „сите мажи се прељубници затоа што тоа им е запишано во генетскиот код“. Секако, ваквите изјави се апсолутни митови во кои треба да престанеме да веруваме, пишува хрватскиот портал „Жена“.

Жените, врз основа на сопственото искуство, знаат колку митовите поврзани со женската сексуалност се далеку од вистината – од митот дека жените не мастурбираат, па сѐ до митот дека мажите имаат поголемо либидо од жените.


Па, зошто ваквите ставови се вкоренуваат во колективната свеста на луѓето? Во некои случаи, таквите приказни се користат за да се избегне одредена непријатност во спалната соба. Во други случаи, лагите се користат како изговор за лошо однесување. Понекогаш, едноставно, станува збор за бајки кои немаат друга цел освен да поттикнат нечие егото. Како и да е, за здрав и квалитетен сексуален живот на жените и мажите, важно е искрено да се зборува за сексот и да се презентираат само точни и проверени информации.

Во продолжение, прочитајте ги најчестите предрасуди во врска со машката сексуалност.

Возбудата се манифестира само преку ерекција

Постои предрасуда дека сексуалната возбуда кај мажите е секогаш очигледна, бидејќи таа се манифестира како ерекција. Меѓутоа, во реалноста, ерекцијата може да отсуствува. Ова може да биде предизвикано од стрес, замор, болест или грижа. Повеќето мажи одвреме-навреме имаат проблеми со ерекцијата и тоа, всушност, е нормална појава, иако мажите се плашат од тоа.

Ова е и главниот симптом за кој мажите одлучуваат да побараат помош од уролог. Од друга страна, ерекцијата не е нужно знак за сексуална возбуда бидејќи постои и таканаречена реактивна ерекција со која, на пример, мажите се будат наутро, особено помладите. Оваа ерекција нема никаква врска со можните еротски соништа како што многумина мислат.


Вазектомијата има негативен ефект врз сексуалниот живот

Вазектомијата е процедура која може да се смета за доста сигурна заштита за паровите кои сакаат да избегнат несакана бременост. Сепак, многу мажи се плашат од тоа бидејќи сметаат дека вазектомијата може да има негативни последици врз нивната способност во спалната соба. Ваквите грижи, според лекарите, се неосновани.

„Вазектомијата нема никакво влијание врз ерекцијата, оргазмите, ејакулацијата или либидото. Всушност, таа има само позитивен ефект бидејќи сексот станува многу порелаксиран со оглед на тоа дека овој метод на контрацепција е 100 проценти безбеден“, објаснува Фолкер Виткампф, германски уролог. автор и сексолог.

Сепак, треба да се забележи дека вазектомијата не ги спречува сексуално преносливите болести.

Мастурбацијата не влијае на сексуалните односи


Мастурбацијата е здрава активност – и за мажите и за жените. Освен што има позитивен ефект врз нашето физичко здравје, ни помага да се ослободиме стресот и да дознаеме повеќе за нашите тела и за она што нè возбудува.

Но, треба да се признае дека мастурбацијата, сепак, може да има влијание врз сексуалните односи. Имено, доколку се користи порнографија во оваа практика, која почесто ја прават мажите, можно е нашиот мозок да се навикне на тоа, така што ќе ни стане возможно да се возбудуваме само на истата и точно одредена работа или сценарио.

Исто така, доколку мастурбацијата е честа, можно е нашето тело да се навикне на секогаш истиот притисок или допир, па може да имаме проблеми кога во ова ќе го вклучиме и партнерот.

Сексот влијае на спортските перформанси

Веројатно сте слушнале како некои тренери инсистираат нивните играчи да се воздржуваат од секс пред важни спортски натпревари. Нашироко се верува дека секот може да влијае на спортските достигнувања – и тоа на негативен начин. Сепак, истражувањата всушност покажуваат дека ова не е поврзано едно со друго или дека оваа врска е занемарлива.


Машката Г-точка не постои

Идејата за простатата како машка Г-точка прави на мажите да им е непријатно, да се чувствуваат засрамени и несигурни за нивната сексуалност поради притисокот на општествените очекувања. Сепак, врската помеѓу стимулацијата на простатата и интензивното задоволство е многу реална.

До машката Г-точка може да се дојде однадвор или одвнатре, преку анусот. Станува збор за точка која се наоѓа помеѓу анусот и машките гениталии, а со нејзино стимулирање, мажот може да постигне оргазам – и притоа доста интензивен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг