[ВИДЕО] Бред Пит наводно ѝ се додворувал на оваа српска актерка додека бил во брак со Анџелина! Ја поврзувале и со Леонардо ди Каприо, а таа го изјавува ова за холивудските заводници

Точка

12/09/2024

10:15

7.090

Големина на фонт

а а а

Бред Пит, холивудскиот актер е познат како голем заводник, па постојано се пишувало и зборувало дека не им бил верен на своите партнерки и дека една од причините поради која се развел од Џенифер Анистон всушност било неверството. Иако немаме црно-бели докази, многумина веруваат дека овој холивудски убавец никогаш не бил верен само на една жена.

Дека не му било проблем да им се додворува на девојки дури и кога бил во брак со актерката Анџелина Џоли, откри Дајана Гудиќ. Станува збор за младата, убава актерка Дајана Гудиќ, која со години живее и работи во САД, а неодамна привлече огромно внимание со новиот филм „Импулс“.


Дајана во емисијата „Амиџи шоу“ требало да одговори на прашањето кој од српските актери ѝ е привлечен, но токму поради Бред Пит тоа не можела да го направи.

„Знаеш, не можам да одговорам на ова прашање, бидејќи секогаш кога некоја убава жена ќе каже кој ѝ е убав од познатите личности, тој ѝ се јавува на Инстаграм“, изјавила Дајана, по што признала дека Бред Пит ѝ пишувал:


„Ме прашаа кој од познатите личности ми е убав, јас реков Бред Пит… Па ти сега извади од контекстот, но јас не одговорив на пораката, бидејќи тогаш имав момче, тој имаше сопруга“, додала убавата Дајана.

 Инаку, Дајана претходно се најде во српските медиуми кога се дозна дека се дружи со уште еден голем холивудски заводник, актерот Леонардо Дикаприо, а сега таа призна дека тој, сепак, никогаш не ѝ се додворувал.


„Кога првпат се запознавме… Што да ти кажам, не, не на тој начин. Тој ми даде комплимент, јас му дадов комплимент, но секогаш бевме пријатели, подобро се совпаѓаме како пријатели“, рекла таа.