Вистинската приказна за Пинокио е толку морничава што никогаш повеќе нема да ја раскажувате на децата: Дизни сè изменил, а ова е вистината

Точка

06/09/2024

18:14

2.944

Големина на фонт

а а а

Генерации деца растеа со детските бајки коишто подоцна беа претворени во цртани филмови, а некои од нив и денес се гледани. Цртаниот филм за Пинокио е еден од нив и еден од омилените, меѓутоа многумина не ја знаат вистинската приказна којашто се крие зад овој симпатичен цртан филм.


Како настанал цртаниот филм Пинокио

Во 1940 година, Дизни го создаде филмот за Џепето, столарот и сиромашен старец којшто поради својата осаменост одлучил да создаде дрвена кукла. Ноќта кога ја направил куклата и кога старецот отишол на спиење, на небото се појавила свезда којашто исполнувала желби. „Ѕвездо моја, ѕвездо сјајна, прва ѕвездо којашто ја гледам вечерва, посакувам мојот мал Пинокио да стане вистинско момче“, посакал Џепето. Со љубов погледнал кон својата кукла и воздивнал: „Зарем не би било убаво тоа“, помислил Џепето.


Малиот штурец којшто живеел во работилницата на Џепето ги набљудувал овие настани и кажал: „Многу убава замисла, но се плашам дека е невозможна“.

Меѓутоа, ѕвездата всушност била самовила којашто го слушнала копнежот на еден стар човек и решила да му ја исполни желбата. Таа го оживеала Пинокио и го задолжила малото штурче да се грижи за него, а сигурно веќе сите се сеќавате на овие сцени.


Милиони деца растеа со овој класик на Дизни, а авантурите на Пинокио, дрвената кукла, којашто сакала да стане момче, стана пример на децата низ цел свет за тоа како всушност тие треба да се однесуваат.

Оригиналната авантура имала поинаква цел


Оригиналната книга „Авантурите на Пинокио“, којашто италијанскиот автор Карло Колоди ја напишал во 1880 година, имала значително поинаква цел. Поентата на приказната на приказните за Пинокио на Колоди, била да ја прикаже тешкотијата со која се соочувал родителот на палаво дете, последиците од грешките коишто ги правел главниот лик – куклата Пинокио, како и страдањата коишто тие одлуки ги предизвикувале кај неговиот татко – Џепето.

Оригиналната бајка за Пинокио била одраз на филозофијата на воспитување на децата од 18 век. Жан Жак Русо, пионерот на социјалното воспитување, беше заговорник на идејата дека детето мора да биде соочено со „природните последици“ од неговата непослушност. Пиниокио иако окружен со љубов, се однесувал спротивно на очекувањата, бегал од часовите, се дружели со погрешни луѓе, се карал со Џепето, го газел неговиот авторитет, предизвикувал конфликтот помеѓу Џепето и луѓето во чијашто куќа живеел, а кога научил добро да оди почнал да бега од дома.


Кулминацијата на палавото однесување на Пинокио, кога тој го озборувал Џепето и тврдел дека Џепето го малтретира и запоставува, што довело до тоа Џепето да биде уапсен. Пинокио на крајот дури се обидува да ја убие својата совест, а малиот штурец на крајот го згмечува. Исто така Пинокио во текот на приказната често пати бил казнуван – бил претепуван па дури и обесен, а Џепето еднаш дури и му ги запалил нозете со цел да го поправи однесувањето.

Колоди еднаш изјавил дека Пинокио е „незадоволно детиште коешто постојано страда поради неговите испади“. Во оригиналната верзија, приказната завршува трагично кога лажните пријатели на Пинокио, лисицата и мачорот ќе го обесат.


Првобитно приказната за Пинокио била објавена во серијали под називот „Приказна за куклата“ („La storia di un burattino“) во „Giornale per i bambini“, едниот од најраните италијански списанија за деца.

Колоди ги напишал првите 15 поглавја, а притоа сцената во којашто Пинокио лежи обесен била последна. Меѓутоа на барање на читателите и издавачот, Колоди ги додал поглавјата 16 – 36, во коишто сината самовила го спасува Шинокио. Откако ќе ги сфати своите грешки, Пинокио се претвора во вистинско момче, правејќи ја приказната посоодветна за деца.

Приказната за Пинокио е исклучително сложена. Колоди повеќе се занимавал со последиците од лошото однесување и анализата на сложениот однос помеѓу родителите и децата, додека верзијата на Дизни го прикажува Пинокио како наивна и симпатична кукла во расипаниот свет на возрасните.


Волт Дизни сметал дека оригиналната приказна за момчето коешто страдало поради неговиот карактер не била соодветна за деца и дека нема да биде доволно атрактивна за кината. Поради тоа одлучил да ја ублажи оваа приказна, па така во неговата верзија Пинокио е жртва на лошото друштво, но благодарение на неговото чисто срце успева да ги надмине сите пречки и да ја заслужи љубовта на Џепето како и да стане „вистинско момче“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг