Сидни Свини продолжува да предизвикува контроверзии со секс сцените: Oвојпат ѝ се придружил синот на Ричард Гир

Точка

26/05/2026

22:03

1.203

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Сидни Свини продолжува да ги шокира гледачите со своите експлицитни сцени во серијата „Euphoria“. Овој пат привлече внимание со секс сцена што ја сними со Хомер Гир, синот на Ричард Гир.

СПОЈЛЕР АЛЕРТ: Хомер се придружи на екипата оваа сезона. Му припадна улогата на филмската ѕвезда Дилан Рид. Кејси Хауард, играна од Сидни Свини, се обидува да го смисли својот следен потег откако ја избриша својата сметка на „OnlyFans“.

Меди Перес (Алекса Деми) ја игра менаџерката и „шефицата“ на Кејси и ѝ наредува да оди на состанок со Дилан како дел од планот да ги врати сите следбеници што ги изгубила со бришење на својата сметка на „OnlyFans“.


Кејси токму тоа ѝ го прави. Си одат дома заедно и имаат секс. Можете да ја погледнете сцената тука.

Потоа, таа го зема телефонот на Дилан и објавува на неговиот „Instagram“  профил дека се заедно, со што се комплетира планот на Меди да ја врати Кејси во јавноста.

Контроверзни сцени како оваа ѝ помогнаа на серијата „Euphoria“ да ја претвори Сидни во една од најголемите ѕвезди во моментов. На почетокот, Кејси изгледаше како луда девојка која секогаш е во позадина. Сепак, како што се одвиваа епизодите, Кејси брзо стана еден од најпопуларните ликови во серијата.


Многумина ја критикуваа Сидни за нејзината одлука да учествува во таков проект, а актерката претходно изјави дека не гледа ништо спорно во голотијата.