[ВИДЕО] Славна оскаровка вербално нападната на улица: „Ционистичка ку**о!“

Точка

29/05/2026

16:00

510

Големина на фонт

а а а

Актерката Хелен Мирен била вербално нападната на улица од пропалестински непознат маж, кој ѝ упатил погрдни зборови поради нејзината поддршка за Израел.

Иако на почетокот изгледало дека ѝ приоѓа обожавател додека 80-годишната оскаровка шетала по улица во Лондон со својот сопруг Тејлор Хекфорд, се случило сосема спротивното. Во снимката што се прошири на социјалните мрежи, актерката изгледала смирено и љубезно и се насмевнувала додека го поздравувала мажот и го прашала дали е добро.

Снимката најпрво била објавена на профилот „Anti-Fascist Action UK“, во која непознатиот маж ја нападнал поради нејзината поддршка за Израел, велејќи: „А тука е и Хелен Мирен, отворена ционистка. Рековте дека Израел треба да постои засекогаш поради Холокаустот. А таа беше многу среќна што палестинските куќи исчезнале“.

Потоа продолжил со навредите: „Ти си злобна ционистичка ку**а. И ти [г. Хекфорд] исто така, е*и се и ти“, им порачал додека се оддалечувал од нив. Но, кога ситуацијата кулминирала, Хекфорд се вмешал и повеќепати му рекол на мажот „од*би“ порачувајќи му и да ги остави на мир.


Мирен веќе долго време отворено го поддржува Израел и се противи на културните бојкоти против таа земја. Минатиот месец потпишала отворено писмо заедно со ѕвезди меѓу кои Ејми Шумер, Мила Кунис, Шерон Озборн и Бој Џорџ, во кое го поддржала учеството на Израел на Евровизија.

Таа толкувала и неколку еврејски личности, меѓу кои Марија Алтман во филмот „Жена во злато“ и поранешната израелска премиерка Голда Меир во филмот „Голда“ од 2023 година.

„Верувам во Израел, во постоењето на Израел и верувам дека Израел мора да продолжи напред во иднината, до крајот на вечноста… Верувам во Израел поради Холокаустот“, изјавила Мирен претходно.