Дали Елена Тројанска била само лик од митологијата или вистинска жена? Дали била грабната или избегала? Дали навистина била најубавата жена на светот? Веќе 27 векови, таа е една од највозбудливите, најинтригантните и најспорните женски личности. Сепак, прашањето коешто илјадници години ги мачи луѓето е – како таа всушност изгледала?
Елена Тројанска во сите митови, списи, книги и епови се опишува како најубавата жена на светот. За прв пат се споменува во делото на Хомер, „Илијада и Одисеја“, меѓутоа постојат сомнежи околу тоа дали таа воопшто постоела во реалноста. Иако, веројатно никогаш не била вистинска историска личност, туку лик од легенди и митови, чијашто приказна низ вековите со прераскажувањето еволуирала и со креирањето на митолошките ликови од древната грчка култура.
Клучните елементи на нејзината приказна можеби потекнуваат од вистински настани и луѓе, но специфичните детали коишто ги прикажаа Хомер, а и другите писатели и историчари, најверојатно се измислени. Сепак, со оглед на тоа дека нејзината убавина била толку обожувана и прославувана, не зачудува тоа што биле создадени бројни скулптури со нејзиниот лик, а коишто заедно со описот присутен во легендите и изворите ѝ помогнаа на вештачката интелигенција да го „реконструира“ нејзиниот лик.
Имала светла кожа и коса
It's interesting that so many people suggest Helen of Troy couldn’t have looked like this, assuming she would have had the darker skin, eyes, and hair typical of modern Greeks. This perspective overlooks numerous ancient Greek artifacts depicting blonde hair, such as the Gorgon… pic.twitter.com/K1D4j67iDt
— 𝕲𝖎𝖋𝖙𝖘 (@GiftsUngiven_) August 15, 2024
Порано се претпоставувало дека имала потемна кожа, очи и коса како што е случајот со денешните Грци. Меѓутоа, оние коишто сметаат дека Елена била русокоса убавица со светол тен и зелени очи, своите тврдења ги темелат врз бројни древни грчки артефакти, коишто ја прикажуваат како русокоса.
Исто така историчарите сметаат дека најраните племиња коишто ја основале античка Грција и Рим, веројатно изгледале повеќе „германски“. Поради тоа се смета дека фотографијата на Елена Тројанска направена со помош на вештачка интелигенција, не се разликува многу од она како таа навистина изгледала.
Истокот и Западот подеднакво ја користеле приказната на Елена, за да ги истражат конфликтите помеѓу должностите и желбите, помеѓу мажите и жените, помеѓу уживањето и смртта и помеѓу идеите за она што е правилно и што е погрешно.
Епските писатели велат дека Елена била преубава и полна со живот, наследничка на големото и плодно спартанско кралство. За нејзината рака жестоко се бореле најголемите грчки херои, но на крајот помладиот брат на Агамемнон, Манелај ја прогласил за своја невеста.
Како што пишувале бројни писатели, Елена намамена со „златното богатство на Истокот“, одлучила да ги напуштила својот маж и ќерката Хермиона, и побегнала во Троја со принцот Парис, којшто бил особено убав и неодолив.
Поради предавството, повредата на сите кодекси на честа, но и егото на Манелај, грчките херои поминале 10 долги години во крвава борба за да ја врата Елена назад. Сепак како што покажале археолошките истражувања, Тројанската војна не траела цела деценија, како што било опишано, што значи дека и овој момент бил преувеличен за приказната да биде поинтересна и поинтригантна.
Како што пишувал Хомер, Елена Тројанска била проколната поради нејзината убавина – „убавината на божица“, а нејзиниот физички изглед предизвикувал страдање, гнев и смрт.