Легендарната Тајра Бенкс се враќа на модната писта на „Victoria's Secret“ по 19 години

Точка

30/08/2024

14:30

8.503

Големина на фонт

а а а

Легендарната Тајра Бенкс е подготвена да се врати на модната писта и тоа за обновената ревија на „Victoria's Secret“ по 19 години.

50-годишната манекенка, водителка и претприемач по речиси две децении повторно ќе ги подигне своите крилја. Одреден е и датумот на ревијата, а истата ќе се одржи на 15-ти октомври.

Најавата пристигна во средата со Инстаграм видео во кое се појавуваат токму Бенкс и Џиџи Хадид.


На снимката, палестинско-американската манекенка шета низ хотелот во сребрен фустан и ѝ приоѓа на Бенкс на рецепција. Таа седи на столче со свртен грб и Хадид ѕвони пред водителката на „America's Next Top Model“ да го направи големото откритие пред камерата.

Бенкс учествуваше на 9 модни ревии на „Victoria's Secret“, од кои последната беше во 2005 година. Ревијата датира од 1995 година, но беше откажана во 2019 година поради критиките дека брендот не е доволно инклузивен.


Тие се вратија во 2024 година со специјал на „Prime Video“, а портпаролот на компанијата рече во мај дека нивното враќање на традиционалниот формат „ќе го испорача токму она што клиентите го барале - гламур, писта, мода, забава, крилја“.


На Бенкс и Хадид ќе им се придружат Иман Хамам, Кендис Свонпул, Грејс Елизабет, Девин Гарсија, Палома Елзесер, Тејлор Хил, Мајова Николас и други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг