Хотелот во Банкок, окружен со тропски градини, и соби со поглед кон реката Чао Праја, прогласен е за најдобар хотел за 2024 година. Хотелот „Capella Bangkok“ го зазема првото место на листата „The World’s 50 Best Hotels 2024“, скокнувајќи од 11 место во однос на минатата година, а исто така ја освои и титулата – најдобар хотел во Азија за 2024 година.
Овој хотел е отворен во 2020 година, окружен со бујни градини, којшто зрачи со елеганција, а неговата импресивна архитектура обезбедува сите соби во котелот (101) да имаат поглед кон реката, а вилите и апартманите покрај реката имаат и приватен базен.
На второто место се наоѓа „Passalacqua“ (минатогодишниот број 1), сместен во вилата од 18 век, окружен со спектакуларни градини во облик на тераса на брегот од езерото Комо во Италија. Овој хотел исто така ја има освоено и наградата „Carlo Alberto Best Boutique Hotel Award 2024“.
Третото место му припадна на хотелот „Rosewood Hong Kong“, сместен во уметнички и дизајнерски кварт – „Victoria Dockside“.
Азија е во водство на листата „The World’s 50 Best Hotels 2024“, со вкупно 19 хотели, додека Банкок дополнително ја зацврстува својата рпеутација на глобален туристички центар со четири хотели на оваа листа: „Capella Bangkok“ (прво место), „Mandarin Oriental Bangkok“(12), „Four Seasons Bangkok“ (14) i „The Siam“ (26).
Европа има 13 хотели на листата „Тhe World’s 50 Best Hotels“, а Франција, Обединетото Кралство и Италија имаат по четири хотели помеѓу најдобрите. Помеѓу високо рангираните хотели се наоѓаат: „Cheval Blanc Paris“ (4) i „Hôtel de Crillon“ (15) во Париз, „Claridge’s“(11) и „Raffles London at The OWO“ (13) во Лондон, и „Four Seasons Firenze“ (19) во Фиренца.
Најдобриот хотел од секој регион за 2024 година, прогласен е и за најдобар хотел на континентот каде што се наоѓа, и тоа: „Cappella Bangkok“ (Азија – прво место), „Passalacqua“ (Европа – второ место), „Chablé Yucatán“ (Северна Америка – 16 место), „Rosewood São Paulo“ (Јужна Америка – 24 место), „The Calile“ (Океанија – 25 место), „Mount Nelson“ (Африка – 28 место).
Листата „Тhe World’s 50 Best Hotels“, ја креираше академијата на „Тhe World’s 50 Best Hotels“, група од 580 независни лидери од индустријата, а нив ги надгледуваат девет лица со претседателски функции од академијата. Секој гласач е одбран врз база на своето експертско мислење за меѓународната хотелска сцена. Тие се микс на хотелиери, новинари, едукатори и сезонски патници. Сите хотели од светот влегуваат во конкуренцијата и не мораат да исполнуваат каков било критериум, а хотелите не мора ниту да плаќаат некаков износ за да учествуваат во процесот на номинација и избор.
1. „Capella, Bangkok“
2. „Passalacqua“, езеро Комо
3. „Rosewood Hong Kong“
4. „Cheval Blanc“, Париз
5. „The Upper House“, Хонгконг
6. „Raffles“, Сингапур
7. „Aman“, Токио
8. „Soneva Fushi“, Малдиви
9. „Atlantis The Royal“, Дубаи
10. „Nihi Sumba“, остров Сумба
11. „Claridge’s“, Лондон
12. „Mandarin Oriental“, Банкок
13. „Raffles London at The OWO“, Лондон
14. „Four Seasons“, Банкок
15. „Hôtel de Crillon“, Париз
16.„Chablé Yucatán“, Чочола
17. „Hotel du Cap-Eden-Roc“, Антиб
18. „Maroma“, Ривиера Маја
19. „Four Seasons Firenze“, Фиренца
20. „Borgo Santandrea“, Амалфи
21. „Desa Potato Head“, Бали
22. „Bulgari“, Токио
23. „The Lana“, Дубаи
24. „Rosewood“, Сао Пауло
25. „The Calile“, Бризбејн
26. „The Siam“, Банкок
27. „Park Hyatt“, Кјото
28. „Mount Nelson“, Кејптаун
29.„One&Only Mandarina“, Ривиера Најарит
30. „The Carlyle“, Њујорк
31.„La Mamounia“, Маракеш
32. „Four Seasons“, Мадрид
33. „Capella“, Сингапур
34. „Four Seasons at The Surf Club“, Сурфсајд
35. „Hotel Bel-Air“, Лос Анџелес
36. „Eden Rock“, Сент Бартс
37. „Aman“, Њујорк
38. „Royal Mansour“, Маракеш
39. „Amangalla“, Гале
40. „Le Bristol“, Париз
41. „Gleneagles“, Ауштерадер
42. „Castello di Reschio“, Лишано Николе
43. „Suján Jawai“, Раџастан
44. „Singita, Kruger“ Национален парк
45. „Six Senses Zighy Bay, Zagi“
46. „The Connaught“, Лондон
47. „The Brando“, Тетиароа
48. „Hotel Esencia“, Тулум
49. „The Tasman“, Hobart
50. „Kokomo Private Island“, Остров Јаукуве Леву