Каја Гербер се појави на филмскиот фестивал во Торонто во фустан сличен на оној кој нејзината мајка, легендарната Синди Крафорд, го носеше на Оскарите во 1993 година.
Станува збор за креација на „Herve Leger“ во бела боја. Изгледот Каја го надополнила со благо навиткана фризура, едноставна шминка, накит и шпиц високи потпетици.
На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Shell“ во кој глуми самата Гербер.
Нејзината стилистка Моли Дикинсон во интервју за „Vogue“ изјави дека Каја ѝ испратила неколку идеи за тоа што би сакала да носи по повод фестивалот, а една од нив бил и овој фустан.
„Мислев дека е одлично да се оддаде почит на култниот момент на Синди на овој начин“, додаде таа.
Во далечната 1993 година, Крафорд се прошета на црвениот тепих со тогашниот сопруг Ричард Гир, додека Каја на филмскиот фестивал во Торонто се појави без придружба.
Иако била свесна дека нејзината мајка е славна личност, признала дека не знаела дека е голема ѕвезда сè додека не го погледнала документарниот филм „The Super Model“. Филмот ја раскажува приказната за кариерите на врвните модели, вклучувајќи ги Синди Крафорд, Наоми Кембел и Линда Еванџелиста.