Веќе долго се шушка дека Мате Римац се подготвува да покаже нов автомобил, а сега е откриено дека се подготвува за нешто радикално.
Така барем во компанијата „Rimac Automobili“ го опишуваат својот нов производ, нагласувајќи дека се подготвува нешто посебно.
Најновата фотографија ни ја прикажува предната маска која потсетува на „Nevera“. Сепак, постои разлика, со изменети предни светла и поагресивниот преден браник.
„Дали сте радикални? Патот повеќе никогаш нема да биде ист“, стои во описот на второто видео.
На официјалната страница е поставено одбројување, но не се одбројуваат денови или часови до откривањето на автомобилот, туку пикселите кои полека ја покажуваат целата фотографија од автомобилот од воздух.
Претпоставките велат дека ова е потенцијално најмоќната верзија на постоечката „Nevera“, која ќе биде наменета само за патека. Според останатите прикажани фотографии и снимки, контурата на автомобилот е речиси идентична како и кај „Nevera“.
Потсетуваме, минатата година Римац ја претстави „Nevera Time Attack“, ограничена на само 12 парчиња, која постави рекорд на Нирбургринг за сериски електрични автомобили. Постои можност дека овој модел би можел да оди чекор понатаму и да урне уште повеќе рекорди.
Да додадеме дека стандардната „Nevera“ има четири мотори кои произведуваат неверојатни 1.914 коњски сили и 2.340 Nm вртежен момент, што му овозможува да развие 100 км/ч за само 1,81 секунди.