Гобекли Тепе во Турција е едно од највеличествените археолошки наоѓалишта. Станува збор за светилиште од каменото доба, од пред повеќе од 10.000 години. Експертите сега утврдиле дека резбариите на ѕидот од комплексот би можеле да бидат најстариот познат календар преку кој се следела промената на годишните времиња.
Засега не е познато кои се функции ги имал Гобекли Тепе во древната неолитска заедница. Најверојатно го кренале ловци-собирачи како прво трајно светилиште на светот. Најновото откритие укажува на тоа дека, барем во некој период, се користел и за набљудување на ноќното небо, пишува „Science Alert“.
Во таа смисла посебно е интересен таканаречениот столб на мршојадци, на кој насред стилизираните шари гравиран е лик на птица. Претходното истражување, кое го водел хемискиот инженер Мартин Светман од Универзитетот Единбург, покажало дека фигурите на столбот би можеле да претставуваат ѕвезди, а други резбарии удар на комета од пред околу 13.000 години, односно настан пред изградба на споменикот.
Споменатиот удар на комета се поклопува со почетокот на мини леденото доба, но и период населението се повеќе се вртело кон земјоделство, што довело до неолитската револуција.
Светман сега направил чекор понапред во анализата на симболите пронајдени на комплексот. Смета дека ознаките на столбовите во облик на буквата „V“ би можеле да претставуваат денови, а резбариите други космички настани.
Птицата грабливец на столбот на мршојадците има симбол „V“ околу вратот. Според анализата на Светман, таа птица би можела да претставува соѕвездие поврзано со летната краткодневица, односно симболот „V“ на птицата можеби ја прикажува самата краткодневица.
Другите фигури на столбовите исто така имаат ознака „V“ на вратот, како и киповите и фигурите пронајдени на други места. Тие симболи, смета Светман, исто така би можеле да бидат поврзани со минувањето и бележењето на времето.
Светман во текот на претходното истражување пронашол врски меѓу животинските фигури на столбовите и прецесијата на Земјата, односно промената на ориентацијата на Земјината оска на ротација. Понатаму, два столба во Гобекли Тепе можеби прикажуваат годишен дожд од метеори наречен Таурид, од кој можеби и дошла кометата од помладиот дријас.
Треба да се нагласи дека археолозите кои спроведувале теренски истражувања во Губекли Тепе ги оспориле претходните тврдења на Светман и постои можност тоа повторно да се случи.
„Изгледа дека жителите на Гобекли Тепе внимателно го набљудувале небото, што е за очекување со оглед на тоа дека нивниот свет бил опустошен од комета. Можеби тој настан ги поттикнал ловците – собирачи поради студената клима да се свртат на земјоделство“, рекол Светман.