[ВИДЕО] Американски „тиктокер“ објасни зошто балканците не се „вклопуваат“ во американското општество

Точка

09/08/2024

22:30

8.859

Големина на фонт

а а а

Американскиот тиктокер „Justus Reid“ којшто едно време живееше на Балканот, неодамна на својот профил објави видео околу тоа зошто смета дека балканците не се вклопуваат во американското општество.

Имено, тој сподели приказна за којашто смета дека е најлудата којашто ја има слушнато.

„Еве ја причината зошто Балканците не се вклопуваат во американското општество.Еден мој пријател само што ми ја прераскажа најлудата приказна која ја имам слушнато“, кажа Реид на почетокот од снимката.



„Пред неколку години работел во една агенција. Испратил три момчиња од Хрватска во Бостон за „Work and Travel“. Сè било во ред додека не дошол балканскиот празник па момците сакале да го прослават со „свиња на жар“, раскажува тиктокерот. Реид понатаму објаснува како тие барале начини како да најдат прасе но никако не успеале да го пронајдат. Но потоа дошле до една идеја.

„Потоа отишле во продавница за миленичиња и присвоиле виетнамско прасе. По околу месец дена од продавницата ги побарале за да ја проверат состојбата на прасето. На свињите не им е лесно во градска средина зарем не? Ги бараат и ги прашуваат: Како е прасето? Балканските момчиња им одговориле: О, прасето беше одлично“, раскажува Реид.

Вработените коишто им го продале виетнамското прасе биле збунети бидејќи не разбирале зошто момчињата им кажувале дека прасето било одлично па им побарале објаснување, а момчињата им одговориле дека прасето било превкусно бидејќи го испекле и го изеле. Вработените во продавницата биле толку шокирани што случајот го пријавиле во полиција. Реид тврди дека потоа момчињата од Хрватска биле депортирани од САД.

„Ако ова ви звучи лудо, прашајте го некој Американец“, додаде тиктокерот на крајот од снимката.