Местото Да Лат во Виетнам многумина го нарекуваат „Земјата на Хобитите“ поради неговата нереално шарена архитектура и „малите луѓе со големо срце“ кои живеат таму и со голема радост ги пречекуваат туристите.
Виетнам важи за земја позната по шарените градови и пространите плажи, а во Централната висорамнина крие и еден необичен бисер. Кога ќе влезат во него, многумина имаат чувство како границите меѓу реалноста и научнофантастичен филм речиси целосно да исчезнуваат.
Да Лат, место кое поради своето бајковито опкружување, шармантната архитектура и магливите планински пејзажи често се нарекува и „Земјата на Хобитите“, стана интересна дестинација за патниците кои сакаат да истражат нешто повеќе од вообичаените туристички места.
Во продолжение можете да видите како изгледаат некои од куќите.
Архитектурата инспирирана од Франција целосно доминира во овој град. Шарените куќи се сместени меѓу магливите ридови, а многу од нив ги карактеризираат стрмни покриви, балкони, пастелни бои и детали што потсетуваат на некои минати времиња.
Во станбените населби, тесните улици се опкружени со куќи во живописни бои, мали кафулиња, балкони преполни со цвеќиња и локални продавници.
Еве на какво место во Да Лат можете да го испиете првото утринско кафе:
Местото е опкружено и со надреални архитектонски потфати, осмислени така што потсетуваат на огромно дрво и природни пештери, но посетителите велат дека сепак најсилен впечаток остава ведриот дух на локалното население.
Иако претежно станува збор за луѓе со низок раст, речиси и да нема турист кој не се согласил дека тоа се „мали луѓе со големо срце“.















