[ВИДЕО/ФОТО] Запознајте го најнеобичниот специјалец: Чивавата Командо е гордост на мексиканската полиција, животот му се свртел за 180 степени

Точка

30/09/2026

11:54

333

Големина на фонт

а а а

Опремен со минијатурни заштитни очила, тактички елек направен по мерка, па дури и мала камера поставена на главата, чивавата Командо стана најмалиот член на Националната гарда на Мексико.

Ова куче се обучува не само за да помогне во приближувањето на униформираните полицајци до јавноста, туку и за да се специјализира за операции за пребарување и спасување.


Многу поинаков од големите кучиња кои вообичаено се дел од безбедносните сили за спасувачки задачи или откривање наркотици и експлозиви, новиот кучешки регрут на Националната гарда, стар 13 месеци, се качувал по скали и прескокнувал пречки за време на обуката.

Командо тежи седум килограми и е висок 21 центиметар. Бил вдомен пред околу шест месеци во северната погранична држава Чивава, а претходно живеел со постар брачен пар кој повеќе не можел да се грижи за него. Откако го спасиле полицајци, неговата приказна целосно се свртела за 180 степени кога формално бил интегриран во редовите на институцијата.


Командо обично ги придружува војниците на граѓански настани, училишни саеми и активности во заедницата. Веќе ги научил основните команди за послушност, а неодамна учествувал на комеморативната парада по повод Денот на независноста на Мексико во главниот град.

Мексиканската национална гарда има околу 350 животни, меѓу кои главно доминираат работни раси како белгискиот овчар, германскиот овчар, холандскиот овчар, лабрадорот и шолоицкуинтли, специфична мексиканска раса.


Чивавите се познати како енергични кучиња придружници, но нивната големина и физиологија не се погодни за надзор, следење или патролна работа со голем интензитет.

Присуството на Командо има цел да ја ублажи сликата за безбедносните сили, создадени во 2019 година под цивилна команда, но префрлени во 2024 година под контрола на војската, мерка која предизвика дебата во земјата за растечката милитаризација на јавната безбедност.