[ВИДЕО] „Децата ни се грди, барам ДНК тест“: По 50 години брак ја тужел сопругата, резултатите ги шокирале сите

Точка

31/07/2024

18:29

12.859

Големина на фонт

а а а

За жал, понекогаш се случува мажите да се сомневаат во верноста на своите сопруги, што, доколку веќе основале семејство може да предизвика сомнеж и во врска со татковството.

Брачен пар за кој се пишува понатаму во текстот, е во брак повеќе од 50 години, а видеото на кое тие двајца разговараат дали тој е биолошки татко на нивните деца – ги обиколило сите социјални мрежи и предизвикало бројни реакции.

Имено, видеото настанало во судницата каде што се наоѓаат, бидејќи човек во подоцнежни години ја тужел својата сопруга тврдејќи дека ниту едно од нивните три деца не е негово.

„Сакам да направам ДНК тест за да докажам дека ниту едно од децата, за кои приложувам фотографија – не е мое. Ме прашувате зошто? Па затоа што јас сум многу згоден фраер, а ниту едно дете не личи на мене. Тие деца се навистина грди и изгледаат како некој да ги „собрал“ од улица. Сигурен сум дека не сум нивен татко“, се изјаснил човекот на неверување на сите во судницата, бидејќи тој и неговата сопруга веќе биле навлезени во 9-тата деценија.


„Немојте да мислите дека немам причина за сомнеж, добро се сеќавам дека еден ден кога се враќав дома, видов еден човек како истрчува од нашиот двор, влегува во за мене непознат автомобил и нагази на гас. Веројатно излегол од задната врата, мислејќи дека нема да го видам“, објаснил дедото додека поротата му се смеела.

Чекајќи ги ДНК резултатите, неговата сопруга се изјаснила и рекла дека непознатиот маж кој го видел всушност е мајстор кој дошол да ја поправи машината за перење, нагласувајќи дека тоа му го објаснила можеби милион пати.

Меѓутоа, набргу потоа, пристигнал и ДНК тестот, а она што следело – никој не го очекувал во своите најлуди соништа.

Резултатите ја шокирале не само поротата, туку и самата судијка, бидејќи покажале дека ниту едно од нивните три деца не е негово. Во тој момент сите останале без зборови, а среќниот дедо ги стиснал тупаниците во знак на победа, додека неговата сопруга со раце го покрила лицето и започнала да лелека.

„Невозможно! Читаат туѓи документи. Сигурно ги помешале хартиите. Душо, те сакам, те молам, немој да ме оставиш“, очајнички му се обратила сопругата.

Видеото на „Инстаграм“ собрало повеќе од 61.277 лајкови, а следбениците не останале должни ниту во коментарите.

„Господе Боже, ве молам, некој нека ми каже дека ова е лага“, напишал еден од следбениците.

„Најдобра ми е госпоѓата судијка која во текот на судењето се префрли од страната на жената на страна на нејзиниот сопруг“, додал друг.

„Вистината има различни патишта, некои водат дури до судница“, заклучил трет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг