[ВИДЕО/ФОТО] Детали за најекстравагантната венчавка на годината: Ким Кардашијан, Бекам, Борис Џонсон меѓу присутните, одбрани гости добиле часовници од 500.000 долари

Точка

14/07/2024

12:21

6.210

Големина на фонт

а а а

Анант, најмладиот син на Мукеш Амбани, најбогатиот човек во Азија, во саботата се ожени со својата долгогодишна девојка Радика Мерчант на екстравагантна венчавка на која присуствуваа светски познати личности, тајкуни и политичари.

Свадбените ритуали, вклучително и размена на венци на парот и прошетка околу светиот оган, започнаа во петокот и завршија по полноќ. Венчавката се одржа во светскиот конгресен центар Џио во Мумбаи и во семејната куќа во сопственост на Амбани.

Бракот беше кулминација на повеќемесечните настани поврзани со венчавката на кои настапија поп-ѕвезди како Ријана и Џастин Бибер. Индискиот премиер Нарендра Моди присуствуваше на приемот организиран од семејството Амбани во саботата навечер.


Амбани беа домаќини на „церемонијата на благослов“ за пријателите и членовите на семејството да се запознаат со парот и да им посакаат „среќен брачен живот“. Четиридневната свадбена прослава започна во петокот со традиционална хиндуистична свадбена церемонија.

На листата на гости на овој раскошен настан се поранешните британски премиери Тони Блер и Борис Џонсон, Џон Кери, поранешен специјален пратеник на САД за климата, како и Лана Дел Реј, Дрејк и Дејвид Бекам.


Локалните медиуми го прикажаа доаѓањето на познати личности како Ким Кардашијан и холивудскиот актер Џон Сина.


Полицијата од петок до понеделник воведе посебен сообраќаен режим околу местото на венчавката за да се справи со напливот на гости.

Екстравваганцијата и прикажувањето на раскошот што доаѓа со венчавката наведе многумина да отпочнат дискусија за растечката нееднаквост во Индија, каде што јазот меѓу богатите и сиромашните сè повеќе се зголемува.

Само еден детаљ споделен на социјалните мрежи предизвика бес - младоженецот на одбрани гости им подарил часовници „Audemars Piguet Royal Oak Perpetual Calendar“, чија цена може да достигне и повеќе од 500.000 долари.

Настанот, исто така, предизвика гнев кај некои жители на Мумбаи кои велат дека се заглавени во долг сообраќаен метеж.

Освен тоа, негодување предизвикаа екстравагантните покани за венчавката.

Таткото на младоженецот, Мукеш Амбани, е деветтиот најбогат човек во светот, со нето вредност од 116 милијарди долари, според „Forbes“. Тој е најбогатиот човек во Азија. Неговата компанија, „Reliance Industries“, е конгломерат со годишни приходи од над 100 милијарди долари, со интереси кои вклучуваат петрохемикалии, нафта и гас, телекомуникации и малопродажба.


Семејството Амбани поседува, меѓу другото, семеен имот од 27 ката во Мумбаи вреден 1 милијарда долари. Зградата содржи три хелиодроми, гаража за 160 автомобили и приватно кино.

Младоженецот, 29-годишниот Анант, го надгледува проширувањето на обновливите извори на енергија и зелената енергија во конгломератот. Невестата, Радика Мерчант, е ќерка на фармацевтскиот тајкун Вирен Мерчант и е маркетинг директор на неговата компанија „Encore Healthcare“, наведува „Vogue“.