Раперката Карди Би го прославила роденденот на својата ќерка во Дизниленд во Париз, а големо внимание привлече нејзината огромна чанта поради која стана предмет на потсмев.
Станува збор за чанта „Chanel“ која чини повеќе од 12.000 долари. Набрзо следеа бројни коментари на социјалните мрежи.
„Елеганцијата не може да се купи со пари“, „Знам дека сака да привлекува внимание, но таа прави будала од себе“, „Изгледа како циркус“, „Ова е ужас“, се некои од нив.
Карди Би била во споменатиот забавен парк со сопругот, раперот Офсет, 6-годишната ќерка Калчр и 2-годишниот син Вејв.
Таа на Инстаграм објави детали од прославата на роденденот на нејзината ќерка, а во најромантичниот град на светот пристигнале со приватен авион.
Овој славен пар се венчаше во тајност во септември 2017 година. Неколку пати се разделуваа и се смируваа, еден со друг се обвинуваа за неверство и најавија развод. Но, се чини дека дека успеале да го спасат бракот.
Офсет има уште три деца од претходните врски: синовите Џордан и Коди и ќерката Калеа Мари.