[ФОТО] Новите фотографии од Сидни Свини предизвикаа лавина коментари: „Таа е лицемерка“

Точка

10/07/2024

08:43

6.292

Големина на фонт

а а а

Многу луѓе велат дека популарната актерка Сидни Свини, која се прослави со улогата во серијата на „HBO - Euphoria“, е една од најубавите актерки на новата генерација. Таа неодамна објави неколку фотографии на Инстаграм како позира пред огледало.

„Не често објавувам селфи пред огледало, но кога објавувам, настанува хаос“, напишала таа во опис на фотографијата. Таа носеше топ без прерамки и кратко здолниште, истакнувајќи ги нејзините атрибути и рамниот стомак. Доби повеќе од 4 милиони лајкови, а следбениците оставија различни коментари.

Негативни коментари

И додека некои ја пофалија нејзината витка линија, други се навраќаа на нејзините претходни коментари дека била сексуализирана уште од детството поради нејзините гради. „И потоа се чуди зошто сите ја сексуализираат“, „Ми се чини дека сето ова го прави намерно, претерува...“, „И не разбира зошто мажи најчесто и се пријатели“, „Лицемерна е“, се дел од критиките кои ги доби на нејзината фотографија.

Има и такви кои ја поддржуваат

Имаше и позитивни коментари кои ја поддржаа: „Ако е атрактивна, не треба да се фотографира? Или треба да носи вреќа со компири за да се чувствувате поудобно“, бил коментарот на еден обожавател.

Потсетуваме дека неодамна имаше дебата кога Сидни гостуваше на „SNL“ во тесен фустан со длабоко деколте. „Културата WOKE е мртва“, напиша десничарскиот политички коментатор Ричард Хананија на Твитер по нејзиното појавување. Десничарите изјавија дека 26-годишната актерка е „оружје против будната култура“ (терминот „будна култура“ се користи за подигање на свеста за предрасуди и дискриминација), бидејќи многумина ја сметаат за привлечна. Независната колумнистка Хелен Кофи им се спротивстави.