[ВИДЕО] Емили Ратајковски објави видео како се бакнува со познатата пејачка, фановите се збунети

Точка

08/07/2024

16:02

2.639

Големина на фонт

а а а

Манекенката Емили Ратајковски неодамна уживаше на традиционалниот настан во Њујорк наречен Белата забава (White Party), организиран од бизнисменот Мајкл Рубин. Таму се дружеше со пејачката Камила Кабељо.

И двете објавија видеа и фотографии од забавата, а посебно едно видео го привлече вниманието на нивните фанови. Емили објави компилација од видеа кои ги снимила во текот на ноќта, а на едно од нив се гледа како ја бакнува Камила.

Некои обожаватели прашуваат дали се во врска

Откако ја виделе таа сцена, фановите се збунети бидејќи не им е јасно дали се работи за шега или тие две се во врска.

„Вие сте убав пар“, „Камила???“, „Сладок бакнеж“, „Сите го видовме тој бакнеж“, „Што се случува?“, „Дали сега се во врска? коментираат фановите.

Меѓу серијата фотографии што ги објави од забавата, Камила вклучи и една на која позира со Емили, а манекенката во коментарите и остави емотикон срце.

Фановите сè уште не открија дали нивната врска е пријателска или повеќе од тоа. Емили беше во брак со Себастијан Бер-МекКлард, но тие се разведоа во 2022 година. Последен пат беше видена во јавноста со Хери Стајлс на почетокот на 2023 година.

Камила претходно беше во врска со Шон Мендес, а раскинаа во 2021.




Спонзорирани линкови

Маркетинг