[ВИДЕО] Холивудскиот убавец како од мајка роден го покажа половиот орган: Луѓето шокирани од сцената, коментарите не престануваат да се нижат

Точка

08/07/2024

17:39

4.013

Големина на фонт

а а а

Актерот Тео Џејмс не престанува да ги освојува срцата на публиката. Во моментов со екипата на серијата „The Gentleman“ ги руши сите рекорди на гледаност како во светот така и кај нас.

И додека девојките денес не престануваат да воздивнуваат по него, тој претходно ја шокираше публиката со секси сцена во серијата „The White Lotus“.

Во серијата, Тео Џејмс го толкуваше ликот на Камерон, успешен бизнисмен, но една сцена беше особено интересна. Тоа е сцената со Обри Плаза во бањата од 2022 година, која можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.

Тео во сцената бил гол како од мајка роден, а видеото на кое јасно се гледа неговиот полов орган ги шокираше сите и стана вирално на мрежите со брзина на светлината.


Кадарот стана топ тема на Твитер поради големината на половиот орган, а неколку месеци подоцна актерот во интервју кај водителот Џими Кимел изјави дека мора да ги разочара сите бидејќи станува збор за протетички пенис кој го носел за потребите на снимањето.

Инаку, ова за Џејмс не е првпат да се разголи на малите и големите екрани. Тој веќе се појави гол во сериите „The Time Traveler's Wife“ и „Sanditon“.

„Во мојот договор пишува дека не смеам да работам ништо, а притоа да не сум целосно гол“, се пошегувал актерот и додал дека се чувствува сосема природно во моментите кога се соблекува пред камерите.


Кој е Тео Џејмс?

Целосното име на актерот е Теодор Питер Џејмс Кинаирд Таптиклис. Пораснал во англискиот град Аскет, а во младоста сакал да се занимава со музика, но улогата во серијата „Downton Abbey“ го променила неговиот повик.

Тео е во среќен брак со ирската актерка Рут Карни, која ја запознал на факултет. Тие се венчаа во 2018 година и се горди родители на две деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг