[ФОТО/ВИДЕО] Дали знаете која е мачката Лери? Постојан „жител“ на Даунинг стрит кој „преживеа“ шест премиери

Точка

08/07/2024

13:40

2.034

Големина на фонт

а а а

Од 2011 година до сега, Велика Британија сменила шест премиери, кои традиционално живеат на Даунинг стрит бр. 10. Иако премиерите се менуваа, еден „жител“ е постојано таму, а тоа е мачорот Лери.

Нов премиер на Велика Британија е Кир Стармер, лидерот на Лабуристичката партија кој го освои мнозинството во британскиот парламент. По пристигнувањето на Даунинг стрит 10, тој беше пречекан од мачорот Лери, заштитното лице на оваа локација.


Лери стана жител на Даунинг стрит 10 во 2011 година, кога Дејвид Камерон беше премиер на Велика Британија. Мачката била желба на неговите деца, кои не ја понеле со себе кога Камерон ја напушти премиерската функција во 2016 година.

Интересно е што во 2016 година токму Камерон го прогласи Лери за „јавен службеник“, што му овозможи да остане без разлика кој е премиер на оваа земја.

Овој британски политичар најмногу се дружел со Лери, а често зборувал за неговото однесување во самата куќа. Како што неколку пати изјавил, Лари не сакал други политичари, освен поранешниот американски претседател Барак Обама, кому му дозволил и да го погали.

Инаку, пред овогодинешните избори во Велика Британија, според анкетите, Лери бил попопуларен од лидерот на конзервативците Риши Сунак, како и од лидерот на лабуристите Стармер, кој на крајот стана негов нов „газда“.


Исто така, важно е да се истакне дека Лери ја има официјалната улога на „главен фаќач на глувци“, иако британските медиуми велат дека тој не е особено добар во својата работа. Меѓутоа, во октомври 2013 година, тој го имаше својот личен максимум кога за една недела фати четири глувци.


Иако, како што видовме во изминатите 14 години, премиерите често се менуваат во Даунинг стрит 10, тешко дека некој ќе го „отсели“ главниот ловец на гливци - Лери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг