Познатата актерка и продуцентка Марго Роби (34) и нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли (34) наскоро ќе станат родители. Веста ја откри „Пипл“, а беше потврдена со папарацо фотографиите кои ги објави „Дејли мејл“.
Фотографиите од одморот на парот во Италија открија дека актерката е бремена. Марго и Том моментално се на одмор на езерото Комо.
Изминативе недели радосната вест се обидувала да ја сокрие со широка облека, а пред фотографите постојано носеше чанта пред стомакот.
Славната 34-годишна актерка која минатата година ја одбележа со филмот „Барби“, блесна во модерен црн костум со кроп топ бела маичка, откривајќи го трудничкиот стомак. Изданието го заокружила со златни обетки, голема плетена чанта и рамни влечки, а фотографирана е како се качува на брод со сопругот.
Трендот на бремена голотија го започна Ријана, а го продолжи Адријана Лима, Шеј Мичел и многу други познати дами, а сега го продолжи и Марго.
Ова е прво дете на Марго Роби и Том Акерли.
Ниту Марго ниту Том не го објавија фактот дека го чекаат своето прво дете, а актерката претходните недели во јавноста секогаш носеше екстремно широки парчиња облека кои успешно го криеја фактот дека е во поинаква состојба.
Да потсетиме, парот се познава од 2014 година, а се венчаа во 2016 година. Не само што се сопружници, туку се и деловни партнери - имаат заедничка продукциска куќа и соработувале на бројни проекти.
„Бевме пријатели толку долго. Отсекогаш сум била заљубена во него, но мислев дека никогаш нема да ми возврати и не сакав да ја направам нашата врска чудна. На крајот си реков: „Не биди глупа и кажи му дека ти се допаѓа“, изјавила своевремено популарната убавица.