Повторно комични реакции за стилот на Џастин и Хејли Бибер: Таа како од модна писта, тој како бездомник

Точка

06/07/2024

13:17

5.242

Големина на фонт

а а а

Џастин и Хејли Бибер се повторно во центарот на вниманието поради неусогласените стајлинзи. Додека манекенката изгледа како од модна писта, пејачот повеќе личи на бездомник, што предизвика многу комични коментари на мрежите.

Џастин и Хејли Бибер се еден од најпознатите парови, а во своите јавни појавувања често привлекуваат внимание со облеката. Она што прво им привлекува внимание на многумина е неусогласеноста во нивните стилови на облекување.


Имено, неодамнешните фотографии повторно предизвикаа комични реакции на мрежите, поради сосема спротивните аутфити.

Додека Хејли изгледала како да е подготвена за модната писта, Џастин изгледал сосема лежерно. Некои се пошегувале дека тој изгледа како бездомник во споредба со изданијата на неговата сопруга.

Како што може да се види во голем број примери - Хејли обично е во фустани, високи потпетици, со стилизирана коса, нокти со соодветни модни аксесоари... додека Џастин е токму спротивното – често може да се види во широки тренерки, папучи, сандали и качкети на главата.


„Џастин, зошто?“, „Џастин е новата верзија на Адам Сендлер“, „Изгледа како мало дете“, „Треба да го остави дома, ѝ ги уништува фотографиите“, „Навистина мислев дека станува збор за бездомник позади неа“, гласат коментарите под фотографиите од парот.

На мрежите нивните фотографии и претходно привлекуваа внимание, а луѓето се прашуваат „дали тие се облекуваат некогаш за ист настан“ земајќи го предвид контрастот на нивните изданија.


Во 2009 година, Џастин и Хејли ги запозна нејзиниот татко Стивен Болдвин на премиерата на документарниот филм на Џастин, „Never Say Never“. Парот потоа имаше кратка врска во 2016 година по раскинувањето на неговата децениска романса со Селена Гомез. Тие потоа ја обновија врската во 2018 година и се во брак од септември истата година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг