Овој хорор е толку реалистичен што режисерот морал да докаже дека никој не умрел

Точка

05/07/2024

21:00

3.478

Големина на фонт

а а а

Хорор филмот „Cannibal Holocaust“ беше објавен во 1980 година, но сè уште важи за еден од најстрашните филмови некогаш снимени.

Сцените биле толку реалистични и шокантни што многумина мислеле дека се реални. Не само што обожавателите на филмот биле изненадени од реалистичниот ужас и крвопролевање, туку и властите, а режисерот бил обвинет за убиство. Филмот бил забранет во многу земји.

Морал да докаже дека актерите се живи

Филмот е режиран од Руџеро Деодато, а следи филмска екипа која исчезнува во прашумите на Амазон додека снима документарен филм за домородните канибалски племиња. Руџеро сакал филмот да биде што е можно пореалистичен, па дури ги натерал актерите да потпишат договори дека нема да се појавуваат во медиумите или јавноста и дека нема да работат цела година, за гледачите да мислат дека навистина се мртви.

Со оглед на тоа дека многумина помислиле дека Деодато навистина ги убил актерите во филмот, тој бил приведен и обвинет за убиство. Режисерот бил принуден да докаже дека актерите кои умреле во филмот всушност се живи во реалниот живот и ги објаснил техниките кои ги користел за филмот да изгледа толку реалистично.

На крајот, обвиненијата за убиство биле отфрлени, а години подоцна била укината забраната за прикажување на филмот во Италија.

Обвиненија за суровост кон животните

Меѓутоа, Деодато морал да се соочи и со други проблеми. Иако смртта на луѓето била лажирана, филмот содржи автентични снимки од злоупотреба на животни. Режисерот, продуцентите и сценаристот биле прогласени за виновни за суровост кон животните. Секој од нив добил условна казна од четири месеци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг