„Изгледа како жив леш“: Последното видео од познатата пејачка ги загрижи нејзините фанови, многумина тврдат дека за сè е виновен „оземпик“

Точка

03/07/2024

16:11

4.160

Големина на фонт

а а а

Кристина Агилера (43) го привлече вниманието откако драстично ослабе. Пејачката која беше позната по своите облини изненади со трансформацијата и откри дека ослабела 20 килограми. Таа викендот го помина во Италија каде што настапи на гламурозен настан во организација на „Dolce & Gabbana“.

Агилера на својот Инстаграм профил сподели видео на кое шета во розов мини фустан и чизми над колена во иста боја, а многумина забележаа дека пејачката зрачи со самодоверба.

Тука е самоуверениот чекор, заводливиот поглед и насмевката на лицето, а многумина повторно почнаа да шпекулираат дека користела „оземпик“, лек кој е одобрен само за лекување на дијабетес тип 2. Сепак, многу славни денес го користат за слабеење.

„Што се случи со онаа тежина и облини кои ги имаше?“, „Поради операциите и „оземпик“ сега изгледа вака“, „Ужас, ја изгуби сета таа заводлива тежина, се надевам дека е барем среќна“, „Што се случило со неа, исушена е како гранка“, „Изгледа како жив леш!“, се само дел од коментарите под нејзината објава.

Пејачката претходно призна дека се храни здраво и дека се откажала од грицките. Исто така, таа тврди дека почнала да вежба, а обожува јога, бокс и кардио тренинзи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг