[ФОТО] Познатиот диџеј ги почестил пријателите во ресторан и ја покажал сметката: „Изгледа ќе мијам садови“

Точка

05/07/2024

09:15

5.688

Големина на фонт

а а а

Британскиот диџеј Џекс Џонс на Инстаграм се пофали дека се дружи со музичарот Џејсон Деруло и диџејот Џоел Кори со кои објавија заедничка песна наречена „Tonight“.

Момците го прославиле објавувањето на песната во ресторан, а диџејот на следбениците им ја покажал сметката од која се гледа дека меѓу другото порачале седум шишиња вино „Cotes de Provence“, две шишиња шампањ „Veuve Clicquot“ и 17 шишиња други видови вино.

Сметката била 22.338 евра, а Џонс се пошегувал за сумата

„Погледнете ја сметката со која ме оставија Џејсон и Џоел. Изгледа дека јас ќе ги мијам садовите“, напиша тој и ги насмеа следбениците.


Но, имаше и такви на кои не им се допадна неговата објава.

„Ја сакам твојата музика, но мислам дека не е добро да се фалиш колку трошиш кога има луѓе кои се борат да врзат крај со крај“, гласи еден коментар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг