[ВИДЕО] Сурфање на вода, пиво и знаме: Вака Закерберг го прослави Денот на американската независност

Точка

05/07/2024

11:25

2.375

Големина на фонт

а а а

Марк Закерберг на необичен начин го прослави Денот на американската независност.

Сопственикот на Мета објави видео како сурфа на вода во одело, со американско знаме во едната и пиво во другата рака. „Среќен роденден Америка“, напиша тој под објавата, додека во позадина свири „Born in the USA“. Тој го објави видеото на Фејсбук и Инстаграм, најголемите социјални мрежи на Мета, и доби стотици илјади коментари.

„Толку е добро, што изгледа како да е направено со вештачка интелигенција“, „Зошто не ти се мрда косата?“, „Видеото е толку одлично што изгледа нереално“, напишаа скептиците. Сè уште не е познато како е направена снимката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг