[ФОТО] Една од најубавите жени на светот на својата свадба не носеше маскара, ниту ги нацрта веѓите: Таа избра едноставност

Точка

03/07/2024

11:45

3.786

Големина на фонт

а а а

Оливија Кулпо, една од најубавите жени на светот и поранешна Мис Универзум, за денот на својата венчавка избра едноставност, а во интервју за „Vogue“ откри и зошто.

„Ја прескокнав маскарата, моливот за усни и не ги истакнав веѓите. Има толку многу убавина во едноставноста“, објасни таа.

Кулпо се одлучи и за многу едноставна венчаница од „Dolce&Gabbana“. „Имав многу јасна идеја за тоа што сакам од мојот фустан. Соработував со „Dolce&Gabbana“ со години, па беше навистина извонредно да се работи со Стефано, Доменико и нивниот тим на мојата венчаница. Сакав венчаницата да ме надополни, а не да ме совлада“, вели Оливија.

Таа се одлучила за едноставност и кога станува збор за нејзината фризура.

Оливија Кулпо се омажи за ѕвездата на НФЛ Кристијан МекКафри. Свадбата се одржа во Воч Хил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг