Попуст од 25% на билетите за концертот на Севдализа во Скопје за сите корисници на Македонски Телеком!

Точка

02/07/2024

13:46

490

Големина на фонт

а а а

Македонски Телеком за сите свои корисници обезбеди 25% попуст на билетите за концертот на Севдализа во Скопје!

Она што тие треба да го направат е да го отклучат кодот преку Magenta Moments во Telekom MK апликацијата (https://telekommk.page.link/moments) и истиот да го внесат при купувањето на билетите на https://ticketx.mk/events/sevdaliza.

Летото пристигна и ве повикува на забава. Овој јули глобалната трип-хоп сензација Sevdaliza доаѓа во Скопје, а ние ќе ви дадеме неколку добри причини зошто не смеете да го пропуштите нејзиниот настап на фестивалот Skopje Calling!

Sevdaliza е музичарка родена во Иран, која расте и работи во Ротердам, Холандија. Нејзината шаренолика животна приказна има големо влијание на нејзината музика, а мешаното потекло ѝ дава причина да користи елементи од персиската, источно-европската и западната култура. Иако се’ уште млада, Sevdaliza зад себе веќе има два студиски албуми и четири EP-а, а нејзината музика е често инспирирана од идентитетот, женственоста и човечноста како особина. Во моментов е актуелна на светските топ-листи со синглот „Ride or Die Pt.2“ и оваа година ќе биде дел од повеќе големи фестивали во Европа и САД. На овие линкови од нејзиниот официјален канал, погледнете дел од настапите:

Настапите на Sevdaliza се секогаш импресивни и неверојатно уникатни и тоа во последните години ја направи една од највпечатливите светски артисти, со настапи на концерти и фестивали во Европа, Северна Америка, Азија... А сепак, и покрај постојаните настапи на секоја страна од светот, таа успева секојпат да понуди нешто ново, свежо и интересно за публиката која ја гледа во живо.

Секој настап на Sevdaliza претставува сензуален микс од незадржлива движечка енергија, деликатен женствен глас и атмосферичен инструментал кој често знае да ја одведе публиката во еден меланхоличен свет кој пејачката го повикува со текстот и начинот на пеење. Настапите во живо на Sevdaliza не се само уште една обична изведба, туку тие претставуваат фантастично искуство кое со сигурност не се заборава.

Telekom Electronic Beats повеќе од 20 години ja поддржува електронската музичка сцена и интернационалната клупска култура, со што се наметна како централна платформа за иновативни музички настани, какви што, впрочем, се и самите концерти на Sevdaliza, oд аспект на аудио - визуелно искуство. Затоа, не треба да ве чуди фактот што нивниот избор оваа година е токму Sevdaliza, во живо со својот бенд, премиерно во Скопје, во рамките на TELEKOM ELECTRONIC BEATS presents: А DEEPER UNDERGROUND CLOSING PARTY!

Sevdaliza ќе се појави на сцената на Стадионот АРМ во Скопје како главна ѕвезда на последната вечер од фестивалот Skopje Calling, на 7 јули. Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на ticketx.mk и онлајн, преку линкот https://ticketx.mk/events/sevdaliza.

За корисниците на Македонски Телеком, билетот за ова единствено музичко доживување оди со попуст од 25 отсто! Она што тие треба да го направат е само да го отклучат кодот преку Magenta Moments на Telekom MK апликацијата и да го внесат при купувањето на билетите на https://ticketx.mk/events/sevdaliza.

Не дозволувајте да ви раскажуваат. Направете го ова лето за паметење!

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг