Средба меѓу Гаши и хрватската амбасадорка Тигањ: Треба да делуваме како Европејци пред да бидеме дел од ЕУ

Макфакс

04/07/2024

18:03

473

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Нивес Тигањ, амбасадорка на Република Хрватска.

Беше изразено задоволство од средбата меѓу претставници на две пријaтелски и блиски држави, кои немаат меѓусебни отворени прашања.

Гаши искажа голема благодарност за континураната поддршка што Хрватска ја дава на европската перспектива на нашата земја. Реформскиот пат на земјата продолжува, вклучително и усогласувањето со европското законодавство.

Треба да делуваме како Европејци пред да бидеме дел од ЕУ – порача Гаши.

Во двата законодавни дома функционираат групи за пријателство, како потврда за заложбите за поблиска меѓупарламентарна соработка и пријателски врски. Исто така, одлични се и политичките и бизнис релациите, а делуваме и како НАТО сојузници. Хрватска веќе го изоде патот кој ние треба да го одиме и затоа добродојдени се нејзините искуства и практики.

Соговорниците беа согласни дека Западен Балкан треба да биде дел од европското семејство, заедно со сите свои проблеми, кои таму ќе се решаваат.

Амбасадорката Тигањ беше децидна дека Хрватска и понатаму ќе се залага во Брисел кај европските партнери за што поскоро отворање на преговорите за нашата земја и зачленување во ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг