Му дале овци да ги чува, тој ги продал и заработил милион денари: Кривична против овчар од Куманово

Макфакс

04/07/2024

17:19

867

Големина на фонт

а а а

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 62-годишниот Д.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, извести МВР.

„Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари“, соопшти МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг