Русија се заканува на НАТО членка поради давање база на Америка: Од Москва велат дека ќе возвратат на агресивната одлука на Финска и нејзините сојузници

Точка

03/07/2024

20:31

2.729

Големина на фонт

а а а

Од Министерството за надворешни работи на Русија денеска е порачано дека таа земја ќе одговори на одлуката на Финска на американската војска да и одобри пристап до базите во таа нордиска земја.

„Можам само да потврдам дека Русија нема да остане без одговор на военото зајакнување на НАТО на нашата граница кое ја загрозува безбедноста на Руската Федерација. Ние исто така ќе преземеме неопходни мерки, вклучувајќи ги и оние од воено-техничка природа, за да возвратиме на агресивната одлука на Финска, како и на нејзините НАТО сојузници“, изјавил Андреј Настасин, заменик портпарол на тоа министерство.


„Reuters“ наведува дека финскиот парламент вчера го усвоил договорот за одбранбена соработка со САД кој е потпишан во декември 2023-та.

Според тој договор, американската војска би можела да користи 15 фински воени бази.

Британската агенција потсетува дека Финска минатата година стана членка на НАТО.




Спонзорирани линкови

Маркетинг