[ВИДЕО/ФОТО] Катаклизмата во Црна Гора не можела ни да се предвиди! Двајца загинати, бурата рушела мостови од 400 тони! Ова се најстрашните последици од невремето

Точка

03/07/2024

21:27

9.940

Големина на фонт

а а а

Незапаметената бура која пред два дена ја погоди Србија, го зафати целото балканско подрачје, па по Хрватска се пресели во Црна Гора, каде оставила немерливи последици во однос на остатокот од регионот.

Нејзиниот најмоќен интензитет се почувствувал на крајбрежјето, односно на пристаништата Бар, Будва, Котор и Улцињ, каде од последиците од невремето проследено со силни дождови и грмотевици забележана е голема материјална штета, како и два однесени животи.

Двајца загинати, материјалната штета е немерлива

Турски државјанин загинал во Чањ, а Црногорецот Д. П на градилиште на голф терен во Луштица во текот на силното невреме.

Силен ветар, проследен од дожд и грмотевици, ги урнал сите три товарни мостови тешко повеќе од 400 тони, но и три кранови во Пристаништето Бар, корнел дрвја од корен во повеќе општини во централниот и јужниот регион, кревал кровови од куќи и згради, го прекинувал напојувањето со струја во делови од државата.

Улиците на крајбрежјето биле под вода, а најкритично било во Будва. Оштетени се повеќе возила, но и пловила.

Од невремето кое ја зафати Црна Гора посебно е погоден приморскиот регион во кој за жал имаме и загубени животи. На градилиштето во Чањ животот го изгубил турски државјанин додека Радовичи од удар на гром настрадало едно лице.

Едно лице било спасено од вода во Петровац додека во Бар еден работник е полесно повреден.

Има голема материјална штета во пристаништето, соопштило министерството за внатрешни работи и нагласило дека Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија од технички причини не можел да ја предвиди јачината и временскиот интервал на бурата.

Метеоролозите најавувале невреме, но никој не можел да знае со кој интензитет

Метеоролозите најавиле можност за невреме, но немало предупредување дека би можело да има таков интензитет. Предупредување не дошло ни од Директоратот за вонредни ситуации при Министерството за внатрешни работи.

„Од неделата во билтените потврдувавме и поизразени и пообилни дождови и наведувавме можност за локални непогоди. На основа на професионалните, службени, сертифицирани прогностичарски продукти на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето од „ECMWF“ е издаден портокалов метеоаларм во северните и централните предели, а жолт за јужните области како доволен степен на предупредување на очекувана временски непогоди. Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија не изработува многу краткорочна прогноза за времето поради недостиг на метеоролошки радари кои би овозможиле правовремено откривање и препознавање на опасни метеоролошки појави“, соопштено вчера од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија.

Од МВР рекле дека Заводот од технички причини не можел да ја предвиди јачината и временскиот интервал на бурата.

Страшно и за гледање

Снимките и фотографиите од бурата во Црна Гора кои се објавени на социјалните мрежи се тешки за гледање. Демолирани плажи, откорнати дрвја кои лежат на уништени автомобили, заглавени патишта и превртени пловила се само дел од глетката која донекаде може да го долови интензитетот на бурата.


Мештаните на приморските места, заедно со комуналните служби работат на санирање на последиците од незапаметеното невреме.


Овоштарите изгубиле се во што вложиле

На овоштарите од Црна Гора бурата за само 15 минути им збришала сè што вложувале со години. Уништените посеви кои наскоро требало да се продаваат, лежат на земја, а земјоделците ги пресметуваат своите загуби.

„Се мачиш околу имотот и 15 минути невреме уништува се. Овошјето е уништено, а потоа ќе дојдат и ќе прашаат дали може нешто поевтино. Тоа е, одиме понатаму. Нов ден, нова надеж“, коментирал еден од нив на „X“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг