Страшно невреме во Грција, доколку летувате на овие локации, следете ги упатствата!

Точка

03/07/2024

23:21

6.294

Големина на фонт

а а а

Грција утре ќе ја зафати жестоко невреме, а во оваа прилика најави министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикилијас.

Како што изјави Кикилијас, утре се очекува силно невреме. „Комисијата за проценка на ризици утринава на вонреден состанок не информираше за опасни временски појави со силно невреме и многу интензивни грмежи утре во повеќе области од државата“, најави министерот.

Според прогнозите, најголеми проблеми ќе се појават во утринските часови на Халкидики и соседните области (односно јужните области на областите Солун, Сер, Кавала и Споради), додека од пладне до доцна навечер појавите ќе се прошират на Фтиотис, Фокида, Воотија, Атика, Коринтија и Арголис.


[Пораката како предупредување што ја добиле на мобилните телефони сите оние кои се наоѓаат во овие области]

„Посебно внимание е потребно поради ова невреме, особено во врска со молњите на копно и на море. За подобра информација за заштита од гром, граѓаните можат да ја посетат веб-страницата на Цивилната заштита“, се додава во соопштението на министерот.

Нагласено е дека жителите и посетителите мора да бидат особено внимателни со ненадејните бури на море, за кои сите знаат колку се опасни, додека во областите каде што ќе врне интензивни врнежи, посебно внимание треба да се посвети на реките и потоците.

„Фактот што до вчера имавме големи пожари, а утре ќе се соочиме со екстремни дождови, покажува колкава е климатската криза што сега ја доживуваме во нашата земја“, рече Кикилијас.

Наскоро ќе се состане и Координативниот комитет за цивилна заштита, така што во максимална подготвеност ќе бидат Противпожарната служба, крајбрежната стража, ЕЛАС, секако и вооружените сили и локалната самоуправа од прво и второ ниво, се заклучува во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг