Калинка починала во сон на 14 години, но обдукцијата ја покажала најморничавата, незамислива вистина: Нејзиниот татко никогаш не се откажал од барањето на виновникот – правдата ја чекал цели 30 години

Точка

26/06/2024

20:30

36.034

Големина на фонт

а а а

Убиството на Калинка Бамберски со години го интригирало светот, станувајќи едно од најпознатите злосторства во историјата, а целата приказна добила и своја екранизација кога „Netflix“ во 2022 година го снимил шокантниот документарен филм „My Daughter’s Killer“, кој открива како убиецот бил откриен и фатен, иако, за жал, години подоцна.

Документарецот се фокусира на децениската борба на таткото на Калинка да ја открие вистината и да се бори за правдата и покажува како тој на крајот ги презел работите во свои раце откако властите го изневериле.

Калинка Бамберски имала само 14 години кога била убиена во 1982 година додека во текот на летото престојувала со мајка си и очувот во Линдау, Германија.


Таа била пронајдена мртва едно утро, а деталите за нејзината смрт биле многу сомнителни – нејзиниот очув Дитер Кромбах се јавил на 911 откако го пронашол нејзиното безживотно тело во спалната соба.

Кромбах подоцна им објаснил на надлежните органи како на својата пасторка вечерта пред тоа ѝ дал инјекција за сончање. Обдукцијата во Германија открила дека Калинка имала повреди на гениталиите, како и модринки на рацете, нозете и вратот.

Нејзиниот очув, инаку доктор по професија, првично бил уапсен, но набрзо пуштен на слобода поради недостиг на докази и вратен е на работа.

Таткото на Калинка, Французинот Андре Бамберски, бил многу сомничав во невиноста на Кромбах, па побарал обдукција и во Франција. Оваа обдукција покажала дека на Калинка ѝ биле отстранети гениталиите, бубрезите и ректумот, што значи дека дополнителни тестови било невозможно да се направат.

Исчезнатите органи никогаш не биле пронајдени.

Францускиот истражувачки тим открил и дека на Калинка во организмот ѝ биле инјектирани различни супстанции како што се допаним и кортизон.


Германските власти го затвориле случајот на Калинка и донеле пресуда дека тоа не е кривично дело, но г. Бамберски останал уверен дека нејзиниот очув е виновен за убиството, а пред тоа и за силување. Од тој момент, очајниот татко својот живот го посветил на докажување на вината на Кромбах, а до 1995 година собрал доволно докази за да го убеди францускиот суд да му суди на Кромбах во негово отсуство. Докторот бил прогласен за виновен пред судот во Париз и осуден на 15 години затвор. Сепак, и покрај пресудата, германските власти одбиле да го екстрадираат Кромбах во Франција, што се покажало како кобна грешка …

Само две години подоцна тој бил уапсен поради дрогирање и силување на 16-годишна пациентка.


Во овој случај Кромбах се изјаснил за виновен, а набрзо во полиција се јавиле и други жени со слични искуства, но немало доволно докази за да се отвори случај. Тој добил само две години затвор, а по ослободувањето продолжил да работи како доктор и покрај забраната која ја добил. Во 2006 година, а Кромбах повторно завршил во затвор поради работа без медицинска лиценца.

Меѓутоа, Германецот никогаш не бил екстрадиран во Франција како би одговарал за убиството на Калинка Бамберски, а Андре станувал сè поочаен и лут – бил убеден дека правдата никогаш нема да биде задоволена. Затоа, во 2009 година одлучил да ја земе правдата во свои раце – го киднапирал Кромбах пред неговата куќа, нелегално го превезол преку граница и го оставил врзан на улицата пред судницата.

Непосредно пред да биде осуден Германецот, Бамберски открил дека го посетил гробот на својата ќерка и ѝ рекол: „Калинка, гледаш? Ти ветив дека ќе ти дадам правда. Сега можеш да почиваш во мир“.

Во 2011 година Кромбах бил осуден за насилството кое резултирало со случајна смрт, по што бил осуден на 15 години затвор. Отслужил 9 години од неговата 15-годишна затворска казна пред да излезе од затвор во 2020 година, поради здравствени проблеми. Набрзо починал, на 84-годишна возраст.

Андре Бамберски, пак, е осуден на една година условна за киднапирањето на Дитер Кромбах. Сепак, тој јавно изјавил дека никогаш не зажалил за својот потег.


„Нешто мораше да се направи. Го знаете тој израз? Направив омлет, но беше неопходно да ги скршам јајцата“, изјавил за медиумите овој татко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг