Мајката депортирана на Сибир, таткото во врховниот совет! Идната шефица на Европската дипломатија е противничка на Путин чиј сопруг работи со Русија

Точка

27/06/2024

22:11

5.124

Големина на фонт

а а а

Естонската премиерка Каја Калас низ целата кариера се бори со тоа да излезе од сенката на својот татко.

Нејзиниот татко Сиим Калас бил првиот гувернер на независната централна банка на Естонија, премиер од 2002-ра до 2003-та година и комесар на ЕУ од тоа земја од 2004-та до 2014-та година.

„Economist“ наведува дека многу Естонци ја сметаат за чесна и интелигентна, но премногу убава за да ја води земјата.

Кога станала премиерка во 2021-ва година, тоа се променило.

Нејзините предупредувања дека скептичните европски лидери би требало да им поверуваат на Американците кои тврделе дека рускиот претседател Владимир Путин планира инвазија на Украина, се покажале како точни.

Естонија, која има само 1,3 милиони жители, пропорционално станала еден од најголемите украински донатори.

Откако Калас наредила демонтажа на советските воени споменици, Русија издала налог за нејзино апсење.

Меѓународни новинари тогаш ја нарекле „железната дама“.


Се очекува Калас да стане нова шефица на Европската служба за надворешни работи (EEAS), дипломатска гранка на ЕУ.

Работата се смета за еквивалентен на министер за надворешни работи, односно една од четирите главни позиции во ЕУ.

Некои челници се грижат дека Калас е премногу фина за таа работа, додека други се грижат дека ќе биде премногу цврста и ќе се сконцентрира на судирот со Русија на штета на односите на Европа со остатокот од светот.

„Economist“ пишува дека нејзиниот прекар „железна дама“ не и прилега најдобра бидејќи таа остава впечаток на скромна личност.

Во јануари 2022-ра година била изиритирана бидејќи се нашла на мета на критичарите пораид своите модни комбинации, а не поради политиките.

Во постаро интервју била прашана зошто Естонија е помалку корумпирана од Молдавија, што ја навело да застане и да размисли, а потоа понудила софистицирана теза за приватизацијата од 90-тите години од минатиот век.

Недовербата кон Русија често ја објаснувала опишувајќи искуства на своето семејство.


Нејзината мајка, баба и прабаба се нашле меѓу десетици илјади Естонци депортирани во Сибир кога Советскиот сојуз во 1940-та година ја освоил таа балтичка земја.

Приспособувањето на нејзиното семејство со комунизмот било прагматично, нејзиниот татко дошол до Врховниот совет, но исто така бил и еден од најраните заговорници на естонска самоуправа во доцните 80-ти години од минатиот век.

Калас на почетокот не сакала да има врска со политика, па цела деценија минала работејќи како корпоративен адвокат специјализиран за европското антимонополски право.

Станала пратеничка во естонскиот парламент во 2011-та година, а потоа и на Европскиот парламент во 2018-та.

Реформистичката партија ја избрала да ја води на изборите во 2019-та каде завршила прва, но властите ја исфрлиле од сојузот на крајната десница, партијата на десниот центар и Партијата на центарот, во главно урбани партии кои ги привлекуваат повеќето гласови на малцинствата во Естонија која зборува на руски јазик.

Кога таа коалиција се распаднала во 2021-ва, формирала влада со Партијата на центарот.


Во своите први кампањи делувала малку неодлучно, но како премиерка го пронашла својот глас. Во внатрешната политика го продолжила партискиот бренд на компетентно технократско управување и одговорен буџет, што ја обликувало репутацијата на Естонија како дигитален пионер во втората деценија до 21-виот век.

Руската инвазија во февруари 2022-ра била катастрофа за Украина и Европа, но го зајакнала меѓународниот углед на естонската премиерка.

Нејзиното „ви реков“ до лидерите ги задоволило Естонците и другите источни Европејци.

Станала лидер во регионот кој себеси не се гледал само преку фаќањето чекор со Западна Европа, туку и да биде пред неа во разбирањето на некои прашања.

На изборите во март во 2023-та Калас убедливо ги победила популистите.

Неколку месеци подоцна естонската јавна телевизија дека нејзиниот сопруг бил главен акционер во компанија за печатење на етикети за пијалаци која продолжила легално да работи во Русија.

Нема сериозни обвиненија, но тој скандал и го нарушил имиџот.

Продолжила со својата либерална програма, носење на закони кои дозовлуваат хомосексуални бракови и што е можеби уште поконтроверзно, воведување на данок за регистрација на автомобили.

Со оглед на тоа дека Реформистичката партија има под 20 проценти поддршка, можеби е добар момент за неа да ја направи оваа промена.

Изгледа дека Калас на повеќе начини совршено е соодветна за една од најодговорните работи во Брисел.


Жестоко ги брани либерализмот и Европа, а разговорите ги засилува со референци на академски и политички текстови.

Изгледа дека е вистински бесна на популистичките политичари, како оние кои ветуваат решенија кои долгорочно само ќе ги влошат проблемите.

Сепак, работата шеф на „EEAS“ може и да биде фрустрирачки. Поделбите меѓу членките на ЕУ за многу прашања често значат дека не постои европски консензус. Калас не секогаш се однесува претерано дипломатски.

Во ноември минатата година морала да им се извини на наставниците откако им кажала дека ако сакаат повисоки плати, треба да го поддржат нејзиниот данок на автомобили за да ги зголемат приходите.

„Economist“ тврди дека Калас секако е поискрена од повеќето политичари.

Во едно интервју го цитирала некогашниот американски претседател Бил Клинтон, кој кажал дека клуч за победа во политиката е „глад за успех“.

Запрашана дали го има тој глад, одговорила: „Па, веројатно да“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг