Николоски - Агелер: Разговарано за реформските процеси и стратешките приоритети

Макфакс

28/06/2024

18:32

927

Големина на фонт

а а а

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

На средбата се разговараше за реформските процеси и стратешките приорити на владата и Министерството за транспорт.

Николоски ја истакна огромната важност за навремена реализација на капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција.

Тој изрази уверување дека предвидените проекти од владината програма ќе ги реализира заради забрзан економски раст и развој на инфраструктурата во државата.

На средбата Николоски ја потенцира стратешката определба која е во насока на зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји. САД се наш најзначаен партнер и поддржувач.

На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во областа на капитални инвестиции и инфраструктурни решенија.

Двајцата се согласија за зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг