Дали Путин ја гледал дебатата меѓу Трамп и Бајден? На оваа тема се огласи Песков

Точка

28/06/2024

19:46

3.090

Големина на фонт

а а а

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјавил дека дебатата на актуелниот и поранешниот претседател на САД, Џозеф Бајден и Доналд Трамп не е меѓу главните прашања на дневниот ред на рускиот претседател Владимир Путин, и дека постојат многу поважни работи со кои тој се занимава.

„Не мислам дека очекувате дека претседателот на Русија ќе навие алармот во раните утрински часови за да ја следи дебатата во САД. Тоа не се настани кои се во нашиот дневен ред. Имаме многу прашања кои се навистина важни за нашата земја, тоа се прашања со кои се занимава нашиот претседател. Дебатите во САД не влегуваат во категоријата главни прашања“, истакнал тој.

Песков рекол дека Кремљ е запознаен со наводите на медиумите за дебатата и детално ќе ги разгледа сите изјави кои кандидатите ги дале, меѓутоа, тоа е внатрешно прашање на САД.


Портпаролот на рускиот лидер исто така рекол и дека Русија никогаш не се мешала во изборните процеси во САД, и дека тоа нема да го направи ни сега, а со самото тоа Москва нема да дава ни оцени по прашањето за дебатата на претседателот Џо Бајден и Доналд Трамп.

„Апсолутно не планираме на ниеден начин да ја оценуваме дебатата, тоа е нивно внатрешно прашање. Никогаш не сме се мешале во изборните процеси на САД. Имаше многу истраги за наводно руско мешање и ништо не е утврдено. Русија нема да се меша ни сега, тоа е нивно лично прашање“, заклучил Песков.




Спонзорирани линкови

Маркетинг