МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Макфакс

28/06/2024

19:53

1.033

Големина на фонт

а а а

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република Северна Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа, но потсетуваме дека неговата имплементација е обврска и за двете страни, се истакнува во реакцијата од МНР откако денеска беше објавено соопштение од грчкото МНР во кое беше наведено дека раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа.

„Воедно ја реафирмираме подготвеноста за искористување на сите можности кои ги нуди Договорот од Преспа за натамошно јакнење на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

Во целост остануваме посветени на спроведување на европскиот интегративен процес преку доследно заокружување и надградување на започнатите реформи за членството во ЕУ, како наш врвен надворешно-политички приоритет“, додаваат од МНР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг