[ВИДЕО/ФОТО] Ова е тоа: Пристигна Bugatti Tourbillon со 1.800 коњски сили

Точка

21/06/2024

09:55

7.196

Големина на фонт

а а а

Мате Римац го претстави новиот "Bugatti Tourbillon", наследникот на моделот "Chiron" и воедно првиот "Bugatti "развиен целосно под „палката“ на "Rimac".

Цената на овој модел е 3,8 милиони евра (за основната верзија), а според Римац, речиси сите 250 планирани примероци се веќе продадени, а испораките почнуваат во 2026 година.

„Ние бевме инспирирани од легендите во светот на автомобилизмот: "Type 57SC Atlantic", најубавиот автомобил во светот, "Type 35", најуспешниот тркачки автомобил, како и "Type 41 Royale", еден од најамбициозните луксузни автомобили на сите времиња“, рече Римац на официјалната презентација.

„"Turbillon"е уникатен. Исто како и гореспоменатите легенди од минатото, тој не е направен само за сегашноста, дури ни за иднината – тој е направен за вечноста“, додаде Римац.


Што се однесува до техничките карактеристики, "Tourbillon" има 1.800 коњски сили, распоредени така што "SUS" моторот има 1.000, а електромоторите 800 „коњи“. Тие се напојуваат од батерија од 800 V со капацитет од 25 kWh, која се наоѓа во средниот „тунел“ зад седиштата.

„Одлуката за погонот беше можеби најважната што ја донесовме, имајќи ги предвид опциите што ни стојат на располагање: можеме да направиме реконструкција на "W16", да направиме 100% електричен автомобил или да смислиме нешто сосема ново“, изјави Емилио Скерво, директор за технологија на "Bugatti Rimac".


„На крајот, се одлучивме за најтешката опција: го изградивме погонскиот систем од нула и го споивме со електромоторниот систем и новата генерација со осумстепен менувач“, додаде Скерво.

Римац истакна дека ова е првиот целосно нов автомобил на "Bugatti" во последните 20 години, како и дека е првиот модел кој е целосно развиен во компанијата "Bugatti Rimac".

„Возилото беше развиено во Хрватска од почеток до крај“, заклучи Римац.




Спонзорирани линкови

Маркетинг