Принцезата Шарлин заблеска во најдоброто свечено издание, но сите погледи биле вперени во еден „забранет“ детаљ – грешка која на ниедна принцеза не смее да ѝ се поткрадне

Точка

20/06/2024

18:37

13.604

Големина на фонт

а а а

Во вторникот вечерта беше свечено затворен 63. Меѓународен телевизиски фестивал во Монте Карло, а на церемонијата присуствувале и принцот Алберт Втори и неговата сопруга - принцезата Шарлин.

И покрај постојаните контроверзи кои го следат нивниот брак, парот е речиси секогаш заедно за време на јавните прослави и важни прилики.

Принцезата Шарлин овојпат избрала многу елегантно издание кое навистина одлично ѝ прилегало и ја издвоило во морето на други дами.


Убавата русокоса прошетала во сензационален бел комбинезон со дискретни детали од проѕирна тантела, кој е совршена замена за фустан и е многу поудобен и попрактичен за движење.

Комбинезонот го потпишува славниот либански дизајнер Ели Сааб, а делува како спој од асиметрична блуза на едно рамо и панталони со широки ногавици. Овој отмен, заводлив модел ги открил извајаните рамена и раце на поранешната олимписка пливачка, а мораме да признаеме дека одамна не сме ја виделе во парче кое повеќе ѝ ласка на нејзината фигура.


Таа го надополнила со дискретни, но скапоцени дијамантски обетки и многу впечатлива нараквица како и металик салонки во златна боја. Интересната фризура инспирирана од 20-те години на минатиот век и нежната, ненападна шминка заокружиле сè на вистински начин.


Иако ова е несомнено една од подобрите комбинации на принцезата, таа имала и мала модна „незгода“. Имено, во некои моменти поради осветлувањето јасно се гледало дека Шарлин не носи градник под креацијата, со оглед на тоа што ѝ се оцртувале брадавиците, а непишано правило е дека вакво нешто е забрането за припадниците на секое кралско семејство ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг