[ФОТО] Неодоливиот турски актер повеќе не изгледа исто: Бали Бег го променил својот имиџ, но и понатаму мами воздишки кај жените

Точка

12/06/2024

13:28

6.695

Големина на фонт

а а а

Жените ширум светот го обожуваа во турската сапуница „Сулејман Величествениот“, а сега изгледа малку поинаку од тогаш.

Иако оваа серија се емитуваше кај нас пред повеќе од 10 години, домашната публика сè уште добро ги памети ликовите на актерите кои ги следеа на малите екрани.


Освен главниот лик, Сулејман Величествениот, големо внимание, особено кај женскиот дел од публиката, привлече и Бурак Озчивит, кој ја толкуваше улогата на Бали Бег.

Со години наназад многумина ги следат настаните поврзани со неговиот живот, а благодарение на социјалните мрежи имаме можност да „ѕирнеме“ во неговиот живот, кој и самиот, се чини, не го крие од очите на јавноста.


Неговата нова фотографија која се појави на Инстаграм предизвика вистинска лавина од интерес и коментари на сметка на згодниот и шармантен актер.

Првото нешто што може да се забележи е дека актерот изгледа, многумина велат, никогаш подобро. Од оној Бали Бег кој го паметиме останало малку, а на многу дами им се допаѓа она што сега имале можност да го видат.


Бурак позирал на софа во луксузен хотел со сопругата, актерката Фахрије Евџен. За разлика од претходните фотографии, актерот сега има забележително поголема брада и подолга коса, а се чини и дека качил и некој килограм повеќе.

Но, сепак тоа не се одразило на неговата мажественост, напротив. Озчивит го задржaл својот шарм, заводливост и јасно е – и понатаму ја носи титулата на еден од најпосакуваните турски актери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг