"Volkswagen" ќе го претстави најмоќниот "Golf GTI" досега

Точка

27/05/2024

10:22

7.861

Големина на фонт

а а а

Новиот "Volkswagen Golf GTI Clubsport" ќе го има своето официјално деби на 31 мај, но "Volkswagen" веќе го најави со фотографии од камуфлирана верзија.

Овој пат "Golf GTI Clubsport" нема да биде само обичен "GTI" со извесни измени на суспензијата, малку помала тежина и посебен натпис на каросеријата... овој пат"Volkswagen" вложи многу повеќе напори од вообичаеното. Во споредба со обичниот "GTI", автомобилот ќе добие поинаква маска и подобрени фарови напред, а логото на VW на маската е осветлено.


Одзади има голем спојлер на покривот, а нови се и светлата. Браникот наликува на оној на "Golf R", на неговата лева и десна страна има по една издувна цевка. Автомобилот има и нови тркала од 19 инчи, а како со доплата се нудат полесни бандажи.


Иако автомобилот е камуфлиран, лесно е да се добие општа идеја за тоа како изгледа. "Volkswagen" не ги откри механичките промени, но ветува дека ова ќе биде најмоќниот "GTI" досега. Автомобилот има електронски контролирана блокада на предниот диференцијал, додека адаптивниот систем за контрола на суспензијата "DCC" е опција. Оние кои плаќаат дополнително за оваа функција ќе добијат опција да изберат посебен режим на возење специјално наменет за возење на Нирбургринг. Ова е првиот сериски автомобил кој ќе ја нуди оваа опција и "VW" сигурно ќе ги израдува ентузијастите кои ќе сакаат да го тестираат својот автомобил на легендарниот „Зелен пекол“.


Иако не знаеме колку коњски сили има под хаубата, тоа ќе биде повеќе од 300, кои ги имаше последната верзија на "Clubsport". "VW", инаку, го најави и тркачкиот модел ЌGTI Clubsport 24 hЌ, кој ќе се натпреварува на 24-часовната трка во Нирбургринг и кој ќе има 350 коњски сили. Претпоставуваме дека моќноста на сериската варијанта ќе биде малку помала.


Повеќе сигурно ќе дознаеме по премиерата на крајот на месецот, кога VW истовремено ќе ја претстави патната верзија на 24 часа Нирбургринг и ќе се натпреварува со тркачкиот автомобил, пренесува "Jutarnji.hr".




Спонзорирани линкови

Маркетинг